10 трикови и навики што ќе ви помогнат да изгледате фантастично и без шминка
Нанесете масло од рицинус на трепките
Според истражувањата, маслото од рицинус им дава сјај на влакната и ги зацврстува, па е одлично и за вашите трепки.
Постои верување дека маслото од рицинус го поттикнува растот на трепките, но ова веројатно е погрешно. Сепак, маслото ќе направи да изгледаат погусто.
Користете серуми
Серумите се одлични во борбата против брчките и дамките на кожата, а најчесто ви се доволни само 2-3 капки за целото лице.
Кога купувате серум, имајте на ум дека денес постојат безброј видови. Па, внимателно прочитајте ги состојките и одберете го серумот што е најдобар за вашата кожа.
Пијте вода со лимон
Постојат повеќе начини да ги одржите здравјето и убавината на кожата, а понекогаш треба да го направите ова „однатре“.
Истражувањата покажале дека со внесувањето повеќе витамин Ц, повозрасните жени можат да забележат осветлување на кожата, но и намалување на темните кругови околу очите, дамките и црвенилото од лицето.
Нема потреба да купувате додатоци со витамин Ц – доволно е наутро да испиете чаша вода со лимон.
Употребувајте заштитна крема за сонце, дури и во зима
Сите знаеме дека заштитната крема штити од изгореници и црвенило, но истовремено, овие креми ја намалуваат видливоста на знаците на стареење, па дури и ја хранат кожата.
Не заборавајте дека само затоа што надвор е ладно, не значи дека штетните зраци од сонцето не допираат до вас. Затоа, нанесувајте ги овие креми секогаш кога излегувате од дома, без разлика на годишното време.
Активирајте се
Добрата циркулација на крвта го одржува здравјето на кожата и прави да изгледа подобро.
Ова значи дека добро би било да почнете со некаква физичка активност, како трчање, аеробик, јога или вежбање дома.
Ако немате многу време за вежбање, за циркулацијата може да ви помогне и туширањето со млака вода.
Изградете ваш стил
Ако сакате да изгледате одлично, поработете на вашиот личен стил.
Најдете начин да се изразите преку вашата облека. Одберете го она што вие најудобно и што прави да се чувствувате убаво.
Нема потреба да ги следите сите трендови за да изгледате добро. Личниот стил остава многу поголем впечаток.
Спирова С. | Црнобело