Направете си локни со цевки - Трикови за коса кои навистина функционираат
Ослободете се од електрицитетот на косата
За да го избегнете електрицитетот на косата, ќе ви треба алуминиумска фолија.
Замотајте ја рачката од четката за коса со фолија и исчешлајте ја косата.
Средете го опавчето со четка за заби
Ако имате „разлетани“ влакна откако ќе ја соберете косата во опавче, можете да ги средите со четка за заби.
На четката нанесете лак за коса и средете ги разлетаните влакна со неа.
Локни со пегла за коса
Земете мал прамен коса, завиткајте го како на фотографијата и неколку секунди држете го со пегла за коса.
Локните изгледаат одлично, но ако имате многу густа коса, овој трик ќе ви одземе многу време.
Виткање на косата со плетенки и пегла
Поделете ја косата на 4 дела и од секој дел направете плетенка.
Потоа „испеглајте“ ги плетенките со пегла за коса и пуштете ги.
„Мики Маус“ фризура
Оставете ги прамените што го врамуваат лицето, а горниот дел од косата поделето го во две опавчиња. Кај корените направете мала плетенка, а на врвот заврзете ги прамените со мал ластик.
Завиткајте ги прамените како на фотографијата и прицврстете со шнолки.
Спирова С. | Црнобело