Црната повеќе не е во мода – 5 бои на нокти кои ќе бидат во тренд во 2020
Новата година ни носи и многу промени, особено во светот на убавината. Црната боја на нокти и темните нијанси беа огромен хит минатата година. Но, 2020 ѝ остава простор на една друга, силна, мистична боја, кога станува збор за изгледот на ноктите.
Сепак, за ноктите да бидат убави не треба само да водите сметка за бојата на лакот, туку и за нивниот изглед и негата. Водете сметка тие да бидат заштитени и здрави.
Кои 5 нијанси на лакови за нокти ќе бидат во тренд оваа 2020 година?
Полноќно сина
Ова е бојата која ќе го замени црниот лак на ноктите годинава. Полноќно сината е раскошна нијанса која доаѓа како егзотично освежување и им прилега на сите облици на ноктите.
Лак со светки
Светките не се популарни само за време на празниците. Тие ќе бидат хит во текот на 2020 година, а доколку ви е премногу да имате светки на сите нокти, доволно е да истакнете само еден на раката.
Портокалови нијанси
Девојките кои сакаат да бидат во центарот на вниманието ќе ја обожаваат оваа впечатлива, драматична боја на ноктите. Се очекува оваа боја да биде особено популарна за време на летниот период.
Кремасти „nude“ нокти
Нежни, женствени, неутрални тонови кои иако не се истакнуваат премногу на прв поглед, сепак одлично одговараат во секоја секојдневна, лежерна или елегантна комбинација.
Ситните неправилности на ноктите многу полесно се покриваат со светли, „голи“ нијанси, за разлика од потемните бои.
Сјајна црвена
Ова е можеби бојата за нокти која никогаш не излегува од мода. Но, овој пат сјајната црвена е во центарот на вниманието. Одберете „жар“ црвена боја за нокти која одлично ѝ прилега на секој тен.
(О)Милена | Црнобело