Како да ја зајакнете вашата коса на природен начин и во домашни услови?
Сите посакуваме долга, сјајна и силна коса како од рекламите на телевизија. Но, во реалноста за да се дојде до таква коса треба да се направат неколку „жртви“ и да се посвети големо внимание.
Врз јачината и густината на косата пред сè многу влијаат гените, но, тоа не значи дека вие самите немате контрола врз вашата коса.
Постојат многу препарати по аптеките и дрогериите наменети за зајакнувања и згуснување на косата, но не секогаш истите имаат добар резултат.
Ние за вас издвоивме неколку едноставни начини како да ја зајакнете вашата коса на природен начин и во домашни услови:
Не ја мијте косата секој ден, а обичниот шампон заменете го со сув.
Дневното миење на косата со шампон ги отстранува природните масла од нејзините корени кои се клучни за јачината на косата.
Затоа, најдобро е да го избегнувате секојдневното миење на косата и обичниот шампон да го замените со сув.
Оставете ја косата да се исуши природно.
Најчесто косата ја сушиме со фен, затоа што тоа е најбрзото и најпрактичното решение.
Но, доколку сакате да ја зајакнете вашата коса, подобро би било да ја избегнувате оваа навика. Косата најдобро е да ја оставите да се исуши сама на природен начин.
Исто така избегнувајте и да ја пеглате или виткате со апарати кои многу лесно можат да доведат до нејзино опаѓање, оштетеност и кршливост.
Јадете храна богата со омега 3 масни киселини.
Силната и здрава коса многу често е одраз на храната што ја консумираме.
Кога погоре спомнавме „жртва“ мислевме токму на оваа. Ако сакате да ја зајакнете вашата коса препорачливо е да избегнувате храна која изобилува со шеќери и брза и преработена храна.
Заменете ја со храна која е богата со здрави масти и омега 3 масни киселини како што се на пример оревите, лененото семе, лососот, млекото и авокадото.
Направете природна маска за коса во домашни услови.
Надалеку е позната маската за коса направена од жолчка и кокосово масло.
Жолчката содржи многу протеини кои го зајакнуваат фоликулот на косата, па затоа во повеќето случаи делува, а резултатите се видливи за неколку седмици.
Се што треба да направите е да измешате 3 жолчки со 3 лажици кокосово масло и да ги ставите на скалпот и коренот од вашата коса. Оставете ја да делува 10-15 минути, а потоа исплакнете ја со млака вода.
Т. Ѓ. | Црнобело