Свежа кожа, живи бои – Шминкерот на Бијонсе ги открива трендовите за убавина за 2020-та

Сер Џон соработува со Бијонсе со години, а може да се пофали и со многу други славни клиенти.

svezha-kozha-zhivi-boi-shminkerot-na-bijonse-gi-otkriva-trendovite-za-ubavina-za-2020-ta-1.jpg

Експертот за убавина реши да открие кои трендови ќе го освојат светот во наредните 12 месеци, како и кои познати личност ќе бидат инспирација за нив.

Од суптилни промени на изгледот, па сè до „храбра“ шминка, изгледа дека годинава, трендовите за убавина ќе се движат во неколку насоки.

Фокус на свежа и хидрирана кожа

„Свежата и хидрирана кожа ќе биде најважна во 2020-та“, вели Џон

Тој додава дека пудрите кои се дизајнирани не само да траат, туку и да бидат отпорни на влага и пот, ќе стануваат сè попопуларни. Воглавно, во 2020-та фокусот ќе биде на лицето.

Интересно е што продуктите како руменило и бронзер најверојатно нема да бидат толку популарни.

mejkap=artistot-na-bijonse-gi-otkriva-trendovite-za-ubavina-shto-kje-dominiraat-vo-2020-ta-04.jpg

Живи бои и необично нанесување

Според експертот за убавина, во 2020-та нештата ќе станат чудни, но убави.

„Популарна ќе биде шминката со живи бои, како и необичното нанесување. Навистина верувам дека луѓето треба да ја носат шминката како што сакаат. Не мора да следат трендови бидејќи тие ги ограничуваат.“

Џон смета дека и мажите и жените треба да го носат само она што прави да се чувствуваат убаво.

mejkap=artistot-na-bijonse-gi-otkriva-trendovite-za-ubavina-shto-kje-dominiraat-vo-2020-ta-05.jpg

Враќање во 70-тите и 80-тите

Иако започнавме нова деценија, Џон смета дека повторно ќе бараме инспирација во минатото.

„90-тите дефинитивно ќе останат – оваа деценија ја обележа модната индустрија“, вели тој.

svezha-kozha-zhivi-boi-shminkerot-na-bijonse-gi-otkriva-trendovite-za-ubavina-za-2020-ta-003.jpg

Сепак, Џон е сигурен дека годинава ќе ги „оживееме“ и трендовите од 70-тите и 80-тите. Кога станува збор за изглед инспириран од 70-тите, Џон вели дека воопшто не сте ограничени со изборот.

„Има многу бои, без разлика дали се топли сенки, пастелни сенки нанесени на необично место, па дури и шарени дезени на лицето.“

mejkap=artistot-na-bijonse-gi-otkriva-trendovite-za-ubavina-shto-kje-dominiraat-vo-2020-ta-06.jpg

Славни и инфлуенсери

Кога станува збор за познатите што ќе ги диктираат трендовите во 2020-та, Џон ја става Бијонсе на прво место. Сепак, тој смета дека постојат и други кои имаат толкаво влијание.

mejkap=artistot-na-bijonse-gi-otkriva-trendovite-za-ubavina-shto-kje-dominiraat-vo-2020-ta-01.jpg

„Ријана го има својот момент и мислам дека ќе продолжи да владее.“

Покрај Ријана, Џон смета дека доста влијателни ќе бидат и Џенифер Лопез и Аријана Гранде. Toj верува и дека луѓето сè почесто бараат инспирација кај инфлуенсерите.

„Ќе ги гледаме нашите најголеми ѕвезди, но мислам дека трендовите се и во рацете на луѓето кои не се познати поради нивната музика или танцување. Инфлуенсерите ќе продолжат да бидат главен избор за инспирација.“

mejkap=artistot-na-bijonse-gi-otkriva-trendovite-za-ubavina-shto-kje-dominiraat-vo-2020-ta-07.jpg

Покажете ја внатрешната убавина

Џон смета дека кога станува збор за убавината, не е важно само она што го ставате на лицето. Тој препорачува да се фокусирате и на здравата исхрана и здравиот начин на живиот.

„Сметам дека здравиот начин на живот ќе продолжи да се прославува. Луѓето имаат посвесен пристап кон исхраната и вистина е дека кога ќе се грижите и за вашето здравје, ќе можете да изгледате убаво и однадвор.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg