Знаеме дека ве нервира: 5 трикови да го прикриете подбрадокот
Постојат повеќе причини зошто се создава подбрадокот.
Често тоа се вишокот килограми, стареењето, но и генетиката.
За среќа, постојат некои брзи решенија со кои барем малку ќе успеете да го сокриете овој вишок.
Трик со облека
Избегнувајте облека која ќе привлекува фокус на вашиот врат – блузи и фустани со машни кои се врзуваат околу врат или марами.
Подобро е да одберете блузи со V израз.
Трик со фризурата
Добро одбрана фризура може да има ефект на лицето. Краток боб може да додаде волумен на подрачјето околу брадата, па така подбрадокот ќе делува помал.
Ако имате долга коса, носете ја во коњско опавче – така вашето лице и врат ќе изгледаат подолги, а подбрадокот нема да паѓа во очи.
Трик со накитот
Избегнувајте долги, големи и нападни обетки. Малите се подобри затоа што го привлекуваат погледот кон увото, а не кон вратот.
Трик со шминка
Научете да контурирате – оваа техника за шминкање е излезена од рајот особено за криење на вишокот под брадата.
Трик со гума за џвакање
Кога џвакате мастика, мускулите на брадата и вратот работат постојано со што целиот овој дел полека се зацврстува, а кожата на подбрадокот е позатегната.
Е. П. | Црнобело