Како сами да си направите совршени нокти во домашни услови?
Одењето на маникир може да ви одземе многу време, но и да ве чини многу пари.
За среќа, нема потреба да одите во салон за вашите дланки да изгледаат беспрекорно.
Постојат неколку трикови и техники кои се навистина лесни, а ќе ви помогнат да го направите совршениот маникир.
Стругајте ги ноктите со турпија во една насока
Пред да го нанесете лакот, треба да ги подготвите ноктите.
Кога ќе ги стругате ноктите со турпија, почнете од едниот раб и бавно и нежно движете се кон центарот. Продолжете кон другиот раб и стругајте само во една насока.
На овој начин нема да ги оштетите ноктите.
Нанесете заштитен слој
Нема ништо полошо од излупен лак, но има начин да го спречите тоа. Сè што треба да направите е да нанесете 2 слоја заштитен лак.
Со првиот слој можете да го покриете долниот дел од ноктот, а вториот слој нанесете го низ целиот нокт.
На овој начин, лакот подолго ќе остане на ноктите.
Употребете вазелин
Кога се лакирате сами, секогаш постои опасност дел од лакот да заврши на прстот. За да го избегнете ова, употребете вазелин.
Со чепкалка за уши нанесете малку вазелин на кожата околу ноктот. На овој начин ќе направите еден вид заштита, па ако направите грешка, лесно ќе можете да ја поправите.
Не го тресете лакот
Ако вашиот омилен лак е малку застарен, тогаш ќе треба да го промешате. Но во овој случај подобро е да не го тресете шишето, бидејќи така можете да создадете воздушни меури кои ќе го уништат маникирот.
Наместо тоа, ставете го шишенцето лак помеѓу дланките и тркалајте го.
Почнете со лакирање од средината на ноктот
Најдобро е да не го прекривате целиот нокт со лак одеднаш. Во тој случај постои поголема можност да направите грешка.
Секогаш почнувајте со лакирање од долниот среден дел на ноктот и бавно движете ја четката кон страните. Кога ќе ги завршите страните, лакирајте ја и средината.