Зошто некои 40-годишни жени изгледаат како девојки, а други како баби?
Денес може да видите жени во своите 40-ти години кои изгледаат како да се 20 години помлади. Но исто така може да забележите дека дел од нив изгледаат предвремено остарени и наликуваат на баби.
Зошто се случува ова? Кои се главните 5 причини поради кои некои жени во петтата декада изгледаат дупло помладо или пак личат на бабички?
Хормонски промени се неизбежни, но може да се забават
Главниот женски хормон е естрогенот, а со текот на годините неговата количина во телото значајно се намалува. Естрогенот е одговорен за еластичноста и дебелината на кожата. Доколку го имате во мала количина во телото кожата полека го губи сјајот.
Доколку постојано сте на строги диети тие го поттикнуваат губењето на естрогенот затоа што со рестрикциите на различна храна не можете да внесете доволна количина на витамини, минерали и други корисни компоненти.
На вашето мени треба да се најде следната храна: сирење од соја, тофу, ленено семе и брокули. Никако не го одбивајте и месото на менито.
Постојат и т.н. „старечки гени“ но и тие може да се контролираат
Во женското тело може да се најдат десетина различни видови на гени кои се одговорни за одредени делови на телото. Постои и т.н. „ген на староста“ кој може да се контролира на следниот начин:
- Намалете го дневниот внес на калории, но не ги избегнувајте корисните витамини и минерали
- Целосно исфрлете го алкохолот и никотинот
- Подолгата изложеност на сонце е штетна. Сончевите зраци влијаат негативно на изгледот на кожата бидејќи ѝ ја одземаат еластичноста.
- Добриот имунитет е неопходен за здрав, младешки изглед. Болестите ѝ нанесуваат огромна штета на нашата убавина и здравјето на телото.
- Вежбањето секогаш пружа сјаен ефект и нè подмладува.
Фризурата е особено битна
Од некои причини, општото мислење е дека жените над 40 години мора да имаат кратка коса. Но психолозите одамна ја имаат докажано неточноста на ова мислење, па без оглед на бројот на годините треба да ја задржите онаа фризура која најубаво ви прилега и прави да изгледате свежо и помладо. Во превод – негуваната коса секогаш ќе избрише неколку години од вашето лице.
Тежината влијае на изгледот
Вишокот на килограми секогаш ќе прави да изгледате неколку години постаро. Понекогаш девојката која има само 25 години може да изгледа како да има 40, само поради прекумерната тежина.
Начинот на облекување
Генералното мислење кое преовладува е дека секоја зрела жена не треба слепо да ја следи модата туку да го носи она во коешто се чувствува најудобно.
Сепак тоа не значи дека треба да се носат безлични парчиња кои не ѝ даваат никаков идентитет на жената. Кој вели дека на 40+ години не можете да носите куси здолништа и високи потпетици доколку вам ви одговара тоа.
(О)Милена | Црнобело