6 бои за коса кои имаат моќ да ја „подмладат“ секоја жена

Бои на коса кои подмладуваат

Светло кафеави или чоколадни тонови

Оваа нијанса ѝ стои добро на секоја жена, но најпрво размислете за тенот пред да ја одберете. Најдоброто нешто е да ја осветлите косата за една или две нијанси и ќе изгледате помладо.

Подобро избегнувајте ја темно кафеавата боја бидејќи ги прави брчките повидливи.

kako-da-ja-odberete-sovrshenata-boja-za-kosa-spored-vashiot-ten-za-da-izgledate-pomlado-06.jpg

Руси тонови

Овие нијанси им стојат на речиси сите жени, бидејќи значително ја намалуваат видливоста на белите влакна.

Медените и златни тонови прават кожата да изгледа порозова и помлада. Истовремено, и пепеластите тонови ги намалуваат брчките и ги прават белите влакна невидливи.

Најдобро е да не одбирате платинеста руса бидејќи ќе направи да изгледате постаро.

kako-da-ja-odberete-sovrshenata-boja-za-kosa-spored-vashiot-ten-za-da-izgledate-pomlado-07.jpg

Суптилни прамени

Прамените со која било нијанса ќе направат косата да изгледа поприродно и ќе ги „омекнат“ цртите на лицето.

Ако имате кафеава коса, одберете прамени со медена нијанса. Ако сте русокоси, направете прамени со малку посветла нијанса од природната коса.

Ако сте бринета, најдобар избор се бронзените тонови.

kako-da-ja-odberete-sovrshenata-boja-za-kosa-spored-vashiot-ten-za-da-izgledate-pomlado-08.jpg

Бакарни тонови

Доколку имате светла кожа, ова е совршената нијанса за вас.

Бакарните тонови прават да изгледате помладо и го осветлуваат вашето лице.

Доколку имате потемна кожа, најдобро е да одберете бакарно-црвенкасти тонови.

kako-da-ja-odberete-sovrshenata-boja-za-kosa-spored-vashiot-ten-za-da-izgledate-pomlado-09.jpg

Балајаж

Оваа техника на фарбање може да се примени на секоја коса, но колку е подолга косата, толку подобар ќе биде резултатот.

Брановидната коса најдобро ја истакнува оваа техника на фарбање, а дефинитивно ќе направи да изгледате помладо.

kako-da-ja-odberete-sovrshenata-boja-za-kosa-spored-vashiot-ten-za-da-izgledate-pomlado-10.jpg

Боја на мед

Оваа нијанса најдобро стои на светла или кафеава кожа и на брановидна или виткана коса.

Нијансирањето со овој тон може да ги омекне цртите на лицето и да направи да изгледате помладо.

kako-da-ja-odberete-sovrshenata-boja-za-kosa-spored-vashiot-ten-za-da-izgledate-pomlado-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg