6 бои за коса кои имаат моќ да ја „подмладат“ секоја жена
Бои на коса кои подмладуваат
Светло кафеави или чоколадни тонови
Оваа нијанса ѝ стои добро на секоја жена, но најпрво размислете за тенот пред да ја одберете. Најдоброто нешто е да ја осветлите косата за една или две нијанси и ќе изгледате помладо.
Подобро избегнувајте ја темно кафеавата боја бидејќи ги прави брчките повидливи.
Руси тонови
Овие нијанси им стојат на речиси сите жени, бидејќи значително ја намалуваат видливоста на белите влакна.
Медените и златни тонови прават кожата да изгледа порозова и помлада. Истовремено, и пепеластите тонови ги намалуваат брчките и ги прават белите влакна невидливи.
Најдобро е да не одбирате платинеста руса бидејќи ќе направи да изгледате постаро.
Суптилни прамени
Прамените со која било нијанса ќе направат косата да изгледа поприродно и ќе ги „омекнат“ цртите на лицето.
Ако имате кафеава коса, одберете прамени со медена нијанса. Ако сте русокоси, направете прамени со малку посветла нијанса од природната коса.
Ако сте бринета, најдобар избор се бронзените тонови.
Бакарни тонови
Доколку имате светла кожа, ова е совршената нијанса за вас.
Бакарните тонови прават да изгледате помладо и го осветлуваат вашето лице.
Доколку имате потемна кожа, најдобро е да одберете бакарно-црвенкасти тонови.
Балајаж
Оваа техника на фарбање може да се примени на секоја коса, но колку е подолга косата, толку подобар ќе биде резултатот.
Брановидната коса најдобро ја истакнува оваа техника на фарбање, а дефинитивно ќе направи да изгледате помладо.
Боја на мед
Оваа нијанса најдобро стои на светла или кафеава кожа и на брановидна или виткана коса.
Нијансирањето со овој тон може да ги омекне цртите на лицето и да направи да изгледате помладо.
Спирова С. | Црнобело