6 бои за коса кои имаат моќ да ја „подмладат“ секоја жена
Кога ќе почнат да се појавуваат белите влакна на косата, сигурно почнувате да размислувате што можете да направите за да изгледате помладо.
За среќа, денес лесно можете да ја промените бојата на косата, а токму ова може да направи да изгледате многу помладо. А, за да ја одберете вистинската нијанса, најважно е да обрнете внимание на вашиот тен и на цртите на вашето лице.
Постои метод со кој лесно ќе го одредите вашиот тен - можете да го споредите тенот со некоја од временските сезони:
„Пролетен“ тен
Овде станува збор за тен со златни и тонови како праска. Луѓето со овој тен често вцрвенуваат и обично имаат и пеги.
Очите им се светли, особено зелени или сини, а косата им е руса, а понекогаш темна или црвенкаста.
Доколку ова е вашиот тен, најдобро е да одбирате топли бои за коса, а да ги избегнувате пепеластите тонови.
„Летен“ тен
Оваа кожа има розова нијанса, со синкасти и виолетови тонови. Луѓето со овој тен обично имаат сини, зелени или сино-сиви очи. Најчесто имаат руса или кафеава коса.
За луѓето се летен тен најдобро е да одберат сребрени или темни прамени, околу две нијанси посветли од нивната природна коса.
„Есенски“ тен
Во овој случај, кожата може да биде многу светла, малку потемна или исончана. Луѓето со есенски тен обично имаат зелени очи, но понекогаш и сини. Нивната коса е темно кафеава со црвенкаст сјај, а може да биде и црвена со бакарни тонови.
Во овој случај, најдобро е да ја нагласите косата со црвенкасти и бакарни тонови, а исто добро ќе ви стои и коса со боја на лешник.
„Зимски“ тен
Оваа кожа е толку светла, што понекогаш можат да се забележат зеленкасти тонови и постудени нијанси. Луѓето со многу светла кожа обично имаат темно кафеави, сиви, сини или изразено зелени очи. Природната коса може да биде црна или средно кафеава.
Во овој случај важно е да се акцентира светлоста на кожата со потемна коса, но добро би ви стоеле и пепеласто-руси нијанси.