Како да внесете Хијалурон, а истовремено да направите и пилинг на лицето со овошни киселини?

kako-da-vnesete-hijaluron-a-istovremeno-da-napravite-i-piling-na-liceto-so-ovoshni-kiselini-01.jpg

„Со возраста се успорува процесот на обновување на кожата. Тоа води до по-неефикасно ослободување од мртвите клетки, а кожата станува погруба и со нездрав сјај. Освен тоа, зрелата кожа ја губи својата еластичност и способноста да произведува доволно хијалуронска киселина, којашто е нејзиниот природен пополнувач на брчките. Забележавме дека потрошувачите сакаат производ којшто го помага регенеративниот процес во кожата и истовремено ја подобрува состојбата на брчките. Иновативниот Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум, истовремено прави од една страна траен пилинг-ефект, а од друга страна ја измазнува кожата и ги пополнува брчките.“ смета Д–р Соња Доневска Петрушевска, Дерматолог, медицински претставник за Еуцерин во Македонија.

Станува збор за подмладувачки производ за нега на кожата со двојно дејство кој обезбедува помазна и помлада кожа, преку инјектирањето на хијалурон и пилинг со алфа-хидрокси (овошни) киселини, два добро познати дерматолошки клинички методи со докажана ефикасност. Деликатните состојки видно го подобруваат релјефот на кожата и дејствуваат дури и на најдлабоките брчки во текот на ноќта.

kako-da-vnesete-hijaluron-a-istovremeno-da-napravite-i-piling-na-liceto-so-ovoshni-kiselini-02.jpg

Со овој двокоморен систем за истовремено нанесување од два контејнера, Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум овозможува соединувањето на двете високоефикасни формули да биде непосредно пред употреба. Белиот контејнер содржи нежна емулзија од новиот комплекс на алфа-хидрокси киселини (AHA), составен од активни пилинг состојки како гликолна киселина, млечна киселина и глуконолактон (познат по своето постепено и многу лесно навлегување во кожата). Другата активна состојка е глицин-сапонин, познат по тоа дека го стимулира природното создавање на хијалуронска  киселина во кожата.

Контејнерот со сребрена боја содржи освежувачки гел-серум со два вида хијалуронска киселина, коишто делуваат на различни нивоа – хијалуронската киселина со високомолекуларна тежина делува на фините линии во површинските епидермални слоеви, а таа со мала молекуларна тежина (40 пати помала молекула) навлегува подлабоко во кожата, каде што се формираат брчките.

Клиничките студии ширум светот ја докажаа двојната ефикасност на производот

- нежна ексфолијација на кожата;

- видно намалување на длабочината на брчките и фините линии;

- ефикасно подобрување на регенеративните процеси на кожата;

- добро хидрирана кожа;

- стеснување на порите.

Проучувањата исто така докажуваат дека Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум добро го поднесуваат сите типови на кожа.

kako-da-vnesete-hijaluron-a-istovremeno-da-napravite-i-piling-na-liceto-so-ovoshni-kiselini-03.jpg

Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум може да се користи секојдневно. Се препорачува да се нанесува со нежни масажни движења на добро исчистена кожа. За оптимални резултати Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум треба да се нанесува навечер пред ноќниот крем за нега којшто го користите, како на пример Hyaluron-Filler ноќен крем. Бидејќи формулата со алфа-хидрокси киселини (AHA) ја прави кожата почувствителна кон сончевата светлина, неопходно е преку ден да се нанесува дополнителна заштита од сонце, како на пример Hyaluron-Filler Дневен крем со SPF30

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Митови за нега на кожа што често се споделуваат на Инстаграм и ТикТок, според дерматолог Витаминот Е не ги отстранува сите лузни, а пиењето вода нема да ви го реши пробл...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg