Зошто кога е ладно изгледаме постаро?
Ниските температури не ни се баш во прилог кога се работи за убавина и добар изглед.
Недостатокот на сонце значи недостаток на витамин Д, што освен на расположението, се одразува и на изгледот.
Поточно, зошто кога е ладно изгледаме постаро и поизморено?
1. Истакнати подочници
Подочниците се многу поизразени поради недостатокот на витамини Д и К. А, тоа во просек, им додава на жените околу 4 години од реалната возраст.
2. Нездрав изглед на косата
Греењето во комбинација со влажноста и електрицитетот надвор негативно влијаат на здравјето, но и изгледот на косата.
3. Носење на потемни бои
Кога надвор е тмурно на никој не му се облекуваат бели панталони, а од друга страна темните и неутрални есенски палети на бои ве прават да изгледате потажно и постаро.
4. Сува кожа
Драстичните разлики во температурите, посебно кога надвор врне или дува, може да ја оштетат кожата. Задолжително при рака имајте крема или лосион.
5. Недостаток на физичка активност
Во ладните денови многу ни е потешко да се наканиме да вежбаме и да пешачиме. А, недостатокот на физичка активност негативно влијае на расположението и на целокупниот изглед на телото.
6. Лошо расположение
Недостатокот на витамин Д го намалува лачењето на хормонот на среќа. Па, за малку да го подобрите нивото на витамин Д во организмот, консумирајте лосос, туна, жолчки, сирење, печурки...
М. Д. | Црнобело