Омилени парфеми на жените од кралското семејство – како мирисаат Меган и Кејт?
Без разлика дали станува збор за фустан, чевли или капут, што и да носат на себе станува тренд. Дамите од кралското семејство имаат и свои омилени парфеми, проверени ароми кои не ги менуваат.
Како најчесто мириса Кејт Мидлтон?
За својата свадба во 2011 година, Кејт се одлучи за цветна арома соодветна на комплетниот изглед. Нејзиниот избор падна на парфемот White Gardenia Petals од брендот Illuminum.
Меган Маркл неколку пати има изјавено дека менува три парфеми наизменично. Еден од нив е Wild Bluebell на Jo Malone London.
Кралицата Елизабета го обожава парфемот L'Heure Bleue на Guerlain. Станува збор за цитрусна мирисна нота и истиот е класик уште од 1912 година.
Принцезата Дијана била љубител на цветните мириси, а на својата венчавка во 1981 година мирисала на парфемот Quelques Fleurs Jardin Secret – Houbigant Paris. Извонреден спој на рози и јасмин.
Е. П. | Црнобело