Зошто дланките ви изгледаат „старо“ и како да го решите овој проблем?
Сигурно знаете како да се грижите за кожата на вашето лице – редовно нанесувате хидратантна крема, не излегувате без заштита од сонце, купувате серуми за намалување на брчките…
Но што е со вашите дланки? Знаевте ли дека ако не се грижите за вашите дланки како што се грижите за вашето лице, на нив брзо ќе се појават знаци на стареење?
Доколку веќе сте забележале дека вашите дланки изгледаат постаро од вас, најверојатно тоа е поради некоја од следниве причини:
Пеги
Пегите на дланките не се појавуваат поради вашата возраст, туку поради изложеноста на сонце.
Доколку сакате да се сончате, најверојатно порано ќе ви се појават овие дамки. Најчесто, дамките се појавуваат после 50-тата година.
Ова не значи дека секогаш треба да ги криете вашите дланки. Доволно е пред излегување да нанесете крема со заштитен фактор 30. Одново нанесувајте ја кремата после секое миење на рацете или на секои два часа.
Груба кожа
Грубата и сува кожа секогаш изгледа постаро. Доколку ова е вашиот проблем, набавете крема што содржи ретиноиди.
Овие креми ја подобруваат текстурата на кожата и го поттикнуваат лачењето на колаген.
Бидејќи овие креми најчесто се купуваат со рецепт, немојте да ги користите пред да се консултирате со дерматолог.
Лупење на кожата
Како грубата, и кожата што се лупи секогаш изгледа постаро.
За да се справите со овој проблем, пред спиење направете нежен пилинг на дланките, за да го отстраните вишокот кожа. Потоа измешајте глицерин и растително масло и со смесата намачкајте ги дланките.
Завиткајте ги во пластична фолија и оставете ја смесата да делува што е можно подолго.
Потемнети и пожолтени нокти
Доколку ноктите ви се пожолтени или потемнети, најпрво треба да ја најдете причината за тоа.
Доколку промената на бојата е придружена со болка, тогаш можно е да станува збор за габична инфекција. Ова е проблем за кој веднаш треба да се консултирате со лекар.
Доколку не станува збор за инфекција, тогаш нема потреба од грижа, бидејќи промената на бојата е безопасен несакан ефект - некои лекови и лаковите за нокти го предизвикуваат ова.
За да ги осветлите потемнетите нокти, можете да ги триете со свеж лимон. А, следниот пат кога ќе се лакирате, не заборавајте да нанесете и слој заштитен лак.
Кршливи нокти
Водата, изложеноста на хемикалии, променливото време, па дури и генетиката, можат да бидат причина за кршливи ноти.
Во овој случај ќе ви помогнат додатоци во исхраната кои содржат витамин Б.
Застарен маникир
Трендовите за нокти постојано се менуваат, па ако сакате дланките да ви изгледаат помладо, би требало да бидете во тек.
Моментално најпопуларни се пократките нокти, не подолги од ¼ центиметри над прстот.
Спирова С. | Црнобело