Започнете ново пријателство со Philips Lumea, за мазна кожа без влакна, и до 6 месеци!
Есента е во полн ек и полека почнуваме сѐ повеќе да користиме слоевитата облека која ја крие нашата кожа. Но, слоевитата облека не значи дека кожата не треба да биде негувана, совршено мазна и нежна. Напротив, секоја девојка и жена треба безгрижно да ги облекува омилените фустани и здолништа во секое време, без разлика на сезоната.
Bо соработка со врвни дерматолози од целиот свет, Philips сеопфатно ги истражуваше професионалните третмани во кои се користи технологијата на интензивна пулсирачка светлина и ја приспособи оваа технологија да може да се користи сосема безбедно во домашни услови. Така настана фотоепилаторот Phillips Lumea. Имено, овој уред користи технологија на интензивна пулсирачка светлина (IPL технологија), која се користи за долготрајно отстранување на несаканите влакна од различните зони до телото, испорачувајќи нежни светлосни пулсирања до коренот на влакната.
Емитирајќи ги овие светлосни импулси кои се апсорбираат од пигментот кој се наоѓа во фоликулите на влакната, коренот на влакното се „успива“, а тоа значи забавување на повторното растење на влакната. Со повторување на третманите на прецизно дефинирани временски интервали, влакната се ставаат во мирување, за на крајот воопшто и да не растат.
Следствено на тоа, можеме да кажеме дека Philips Lumea е мултисезонско и идеално решение кое ни ја нуди слободата на долготрајно мазна кожа и до 6 месеци!
За да се увериме во резултатите, минатата година производот имаа можност да го тестираат многу девојки, а меѓу нив и нашите познати инфлуенсерки @Ane Djeo и @kikaaveiro кои едногласно се сложија за производот: Phillips Lumea навистина делува!
@anedjeo: Целиот третман ми оди супер лесно, готова сум за 40-тина минути. Верувајте, толку е едноставно, лесно и практично што навистина сум изненадена. Затоа ја сакам мојата Lumea ❤. Дружбата со неа може да се нарече СРЕЌА J Lumea и јас продолжуваме со дружбата … J. Еве овде накратко можете да видите на што мислам.
@kikaaveiro: Прво нешто многу важно е дека е сосема безболно и пријатно. Навистина вреди да ја направите инвестицијата, да ја имате Lumea-та дома, да ја користите кога сакате и без никаква болка. Сериозно, навистина сум среќна што сега го најдов ова решение.
Еве зошто Philips Lumea е вистинското решение за долготрајното отстранување:
1. Резултатите од спроведените тестови покажуваат дека кај 78% од жените кои го тестирале Lumea Prestige, кожата останува мазна и без влакна дури и до 6 месеци по 12 третмани, а тоа во превод значи - САМО 2 третмани годишно! Можете ли да замислите да се занимавате со отстранување на влакна само двапати годишно!?
2. Philips е бренд број 1 во Европа во IPL според водечкиот институт за истражување на пазарот, малопродажна вредност по IPL категорија, од август ‘17
3. IPL (Intensive Pulsed Light) или Интензивна пулсирачка светлина, во суштина претставува метод или пак терапија базирана на светлина, која се користи за широка палета на процедури во рамките на дерматологијата, меѓу кои и долготрајно отстранување на несаканите влакна од различните зони од телото.
4. Уредот, во дел од секундата емитира светлосен пулс чиешто времетраење е сосема доволно да биде апсорбирано од фоликулите на влакната и да ги “успие” . Во суштина, пигментот на фоликулите, ја апсорбира светлината од пулсот, енергијата се претвора во топлина која влијае врз активноста на фоликулите и го одложува повторното растење на влакната.
5. Третманот со Philips Lumea е целосно безбеден и безболен, што значи дека можете слободно и без грижи да ги третирате сите делови од телото, дури и најделикатните, како на пример бикини-зоната и зоната под пазувите.
6. Досега, не се регистрирани никакви сериозни несакани ефекти или оштетувања на кожата што би се појавиле од долгорочна употреба.
7. Денеска, Philips Lumea е избор на над 3 милиони жени ширум светот кој го одбрале токму Lumea-начинот за отстранување на несаканите влакна на речиси сите делови од телото.
8. Во Македонија пак, Philips Lumea фотодепилаторот е избор на сè повеќе и повеќе жени, кои едногласно потврдуваат дека Philips Lumea навистина функционира во борбата со несаканите влакна.
И за крај, Lumea е еднократна инвестиција, без дополнителни скриени трошоци, чии придобивки корисниците можат да ги ползуваат и до 20 години континуирана употреба (доколку се разбира уредот се користи согласно упатствата).
Уживајте во мазна кожа без влакна и до 6 месеци.