Формулата по која пластичен хирург одреди кои се најубавите познати жени
Пластичните хирурзи можеби знаат сè за убавината, но сепак не можат да одредат кои се најубавите жени.
Причината е што убавината е субјективна и она што ѝ е убаво на една личност, не значи дека ќе им биде убаво на другите.
Сепак, науката има еден вид формула за убавина која потекнува уште од древна Грција. Станува збор за таканаречениот златен пресек, кој се фокусира на симетричноста на лицето. Односно, колку повеќе се совпаѓа лицето со златниот пресек, толку е поубаво.
На прв поглед, изгледа како златниот пресек да е само број, но најверојатно ова е тајната за „мерење“ на убавината.
Всушност, голем број уметници, како Микеланџело и Рафаело, го користеле златниот пресек во нивните портрети.
Основното правило овде е дека должината на лицето треба да биде околу 1,6 пати поголема од ширината. Потоа, растојанието помеѓу почетокот на косата и врвот на брадата треба да се подели на 3 еднакви делови, како на сликата.
На крај, се обрнува внимание на другите пропорции, како оддалеченоста на очите и нивната широчина.
Еден пластичен хирург, доктор Џулијан Де Силва, решил да го искористи златниот пресек и да одреди кои се 10-те најубави познати жени.
Процентите покажуваат колку нивното лице се совпаѓа со златниот пресек.