Колку чини лицето на една просечна Инстаграм девојка?
Инстаграм наметна нови стандарди во светот на убавината, далеку поразлични од природните пропорции на телото и лицето.
Па, додека пластичните хирурзи имаат еден тон работа, колку пари девојките фрлаат за и во живо да ги имаат посакуваните „Инстаграм ефекти“ на своето лице?
Според најчестите барања на девојките ширум светот во 2019-та, еве колку чини да бидеш совршена девојка на Инстаграм:
Нос како Анџелина Џоли – од 3.000 до 192.000 долари
Усни како Кајли Џенер – од 1.400 до 90.000 долари, зависно од оригиналната големина и облик на усните.
Јаболкници како Ким Кардашијан – сите процедури за полнење на јаболкниците чинат од „минимални“ 3.150 долари, а може да достигнат и сума до 200.000 долари.
Очите на Бела Хадид – ако одите со опција ботокс, тогаш ќе ви требаат помеѓу 1.000 и 64.000 долари, а доколку се решите за операција, цената може да достигне и до 200.000 долари.
Брадата на Бијонсе – имплантите чинат од 3.000 до 200.000 долари, додека филерите за оваа намена се од 500 до 32.000 долари.
Забите на Блејк Лајвли – целосната корекција на забите на двете вилици може да достигне цена од 160.000 долари.
Крајниот резултат од сите овие корекции и зафати би бил следниов:
Судејќи по него, сите жени во светот сакаат да бидат уште една сестра во кланот Кардашијан.
М. Д. | Црнобело