Пет работи кои ја прават жената самоуверена и попривлечна

Науката на привлечноста е повеќе од само равенка составена од убаво лице и сексапилно тело, а најчесто индивидуалниот впечаток кој го остава/печат на една девојка е поважен од нејзиниот физички изглед. Обично мажите се заинтересирани за она што го претставува една девојка: нејзината харизма, маневризмите, карактерот, а самодовербата е на врвот на листата на најпривлечни работи. Токму затоа добро е да знаете како да ја истакнете, да бидете самоуверени и да оставите силен впечаток кај секој еден маж кој ќе ве здогледа.

5-raboti-koi-ja-pravat-zhenata-samouverena-i-poprivlechna-01.jpg

Многубројни истражувања ја допираат оваа тема и науката издвојува неколку мали, ситни детали кои навидум се неважни, но ја прават жената позадоволна со самата себе и далеку попривлечна за околината, посебно за машката популација.

Блескава насмевка

Најлесниот начин за привлекување на машкото внимание е демонстрирање на среќа и задоволство, а за тоа е потребно само насмевка. Смејте се почесто, демонстрирајте го вашето задоволство и светот ќе се смее со вас. Убавата насмевка е заразна - таа брзо се шири наоколу и измамува туѓи насмевки, а можеби една од нив ќе биде токму онаа на момчето кое ви се допаѓа.

Очила за сонце

Можеби на вас ви се допаѓаат вашите очила за сонце, но големи се шансите дека на вашиот партнер му се допаѓаат уште повеќе додека стојат на вашето лице. Науката вели дека очилата за сонце го прават лицето посиметрично, а симетријата се поврзува со конвенционалниот смисол за убавина. Покрај тоа, тие делумно или целосно ги покриваат очите и со тоа ја прават девојката мистериозна, што ќе го направи мажот заинтересиран и нетрпелив да дознае нешто повеќе, па можеби и мотивиран да го направи првиот чекор.

Црвена боја

Визуелните трикови се една од главните алатки во играта на заведувањето, па затоа е добро да ги знаете и да ги употребите во ваша корист. Еден од нив е носењето на црвена боја, која ќе направи да се издвоите од толпата и ќе ги сврти очите кон вас, а истражувањата потврдуваат дека таа е најпривлечната боја за машкиот пол. Можете да пробате со црвен фустан, или уште подобро, со црвена нијанса кармин од широката палета шминка на The One на шведската компанија Орифлеим, кој ќе ве опреми со неопходната самодоверба и ќе ги „украде“ погледите на луѓето околу вас.

5-raboti-koi-ja-pravat-zhenata-samouverena-i-poprivlechna-02.jpg

Совршениот мирис

Можеби звучи чудно, но човековото сетило за мирис игра голема улога во начинот на кој ја доживуваме привлечноста. Парфимираната тоалетна вода често е поважна од било кое парче козметика, дури и од секое парче облека кое можете да го облечете. Затоа е многу важно да го одберете совршениот мирис – некој кој ќе направи да се чувствувате удобно со избраниот мирис, но и ќе остави силен впечаток кај луѓето наоколу. Експертите препорачуваат парфимирана тоалетна вода  со живи и кадифени ноти, а токму таков е Magnetista, новиот мирис на Oriflame збогатен со феромони, кои научниците ги нарекуваат „честичка на привлекувањето“. Изборот на вистинскиот мирис може да биде вашето тајно „оружје“ во играта на заведување.

Бидете своја

Гледајќи ги популарните актерки и пејачки, сигурно често ја посакувате нивната фигура, коса, лице или облека. Но, една работа која мажите ја сакаат е оригиналноста, затоа престанете да се грижите за изгледот на сите останати жени на светот и покажете ја вашата уникатност, бидејќи само така ќе бидете вистински своја и ќе уживате во новостекнатата самодоверба.

Би можело да ве интересира:

Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg