7 познати личности кои никогаш немале кратка фризура
Денес е кратката коса во тренд, особено во филмовите, па многу ѕвезди, како Кара Делевин и Зое Кравиц без проблем ја скратиле својата коса за потребите на снимањето, додека други познати личности успеале да го избегнат истото во текот на целата своја кариера.
Овие жени останале лојални на своите долги коси. За сега...
Софија Вергара
Вергара експериментирала со многу бои за коса, но никогаш немала кратко истрижана коса. „Мислам дека не би можела да го направам тоа, но можеби би било забавно да се обидам“.
Лили Олдриџ
Иако кратко време носела кратка руса перика, Олдриџ никогаш официјално не се откажала од нејзината долга кафеава коса. Кога ја прашале дали ќе проба да носи кратка фризура Олдриџ изјавила:
„Тоа ми се случи еднаш, пред три години, и ветувам дека никогаш повеќе нема да се случи. Не изгледам добро со кратка коса; најдобро изгледам со долга коса. Ја научив лекцијата“.
Блејк Лајвли
Долгата, руса коса на Лајвли е нејзиниот потпис, но и голем дел од нејзината самодоверба. „Искрено, многу сум срамежлива. Косата чини да се чувствувам безбедно, затоа сакам да е долга".
Жизел Бундшен
Супермоделот само кратко време имала коса до рамо, во раните 2000-ти.
Џиџи Хадид
Неколку пати се обидувала да нè измами со перики, но Хадид не е спремна да се раздели од нејзината долга коса.
Емили Ратајковски
Ратајковски носела перики за потребите на снимањата, но никогаш не ја скратила својата долга коса, уште од почетокот на кариерата.
„Сметам дека мојата коса е одраз на мојата внатрешна сила. Таа не е украс, туку начин на кој се изразувам.“
Сара Сампајо
Манекенката со бразилското потекло претпочитува да ја одржува својата коса долга и бујна.
Ашера | Црнобело