Зошто понекогаш изгледате постаро отколку што навистина сте?

Флуидност и брзина на движење

Ако споредувате две идентични видеа од истата личност, едното со нормална брзина, а другото забрзано, личноста ќе ви изгледа помладо на второто видео.

Колку побрзи се движењата на некоја личност, толку помладо ни изгледа.

Истовремено, важна е и флуидноста на движењата.

zoshto-ponekogash-izgledate-postaro-otkolku-shto-navistina-ste-08.jpg

Облека и стил

Без разлика каква е облеката и колку е нова, ако не е тренди, може да направи да изгледате постаро.

Во овој случај можете да комбинирате ретро парчиња со нешто модерно.

zoshto-ponekogash-izgledate-postaro-otkolku-shto-navistina-ste-09.jpg

Фризура

И вашата фризура има влијание врз тоа колку старо изгледате. Несредената коса, речиси сигурно ќе направи да изгледате постаро.

zoshto-ponekogash-izgledate-postaro-otkolku-shto-navistina-ste-10.jpg

Изрази на лицето

Повеќето луѓе го поврзуваат неподвижното чело со постара личност. Најверојатно причината за ова е тоа што постарите си ставаат ботокс, кој пак го прави челото неподвижно.

Па, колку помалку изрази прави личноста, толку постара ни изгледа.

zoshto-ponekogash-izgledate-postaro-otkolku-shto-navistina-ste-11.jpg

Држење на телото

Кога влегувате во просторија, гледајте во таванот, а не во подот. Ова е правило што треба да го следи секој што сака да изгледа како млада личност полна со енергија.

Спуштените рамена прават да изгледате постаро, најмногу бидејќи мускулите на постарите не се доволно силни за правилно држење на телото.

zoshto-ponekogash-izgledate-postaro-otkolku-shto-navistina-ste-12.jpg

Самодоверба

Можеби звучи изненадувачки, но 30-годишна жена со голема самодоверба и сериозен лик најчесто ќе изгледа постаро. И во овој случај, големо влијание имаат изразите на лицето.

zoshto-ponekogash-izgledate-postaro-otkolku-shto-navistina-ste-13.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg