EucerinHyaluron-Filler Витамин Ц Бустер – со чист витамин Ц колку што има во 200 портокали

Да се задржи тонусот на кожата и таа да остане сјајна и мазна е постојан предизвик со кој се соочува секоја жена по 25-тата година. Одржувањето на кожата млада и негувана е причина и за бројни клинички и медицински истражувања.

eucerinhyaluron-filler-vitamin-c-buster-so-chist-vitamin-c-kolku-shto-ima-vo-200-portokali-01.jpg

Најновите инвитро проучувања кои ги спроведе компанијата Баерсдорф, покажаа дека комбинацијата на витаминот Ц со ликохалкон А има силен антиоксидантен ефект (споредено со користење само на витамин Ц) и ефикасно ги неутрализира слободните радикали од УВ зраците и високоенергетската видлива (HEVIS) светлина, додека хијалуронската киселина видно го помага пополнувањето на брчките. Токму овие три состојки се и главните активни состојки во новиот производ на Еуцерин - Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер.

eucerinhyaluron-filler-vitamin-c-buster-so-chist-vitamin-c-kolku-shto-ima-vo-200-portokali-02.jpg

“Серумот ги комбинира овие три активни состојки коишто заедно ја зајакнуваат кожата и ги пополнуваат брчките. Пред првото нанесување, потребно е да се активира витамин Ц и да се помеша со лихохалкон А за да се добие антиоксиданс со засилено дејство на кожата, а хијалуронската киселина го помага пополнувањето на брчките одвнатре. Иновативната опаковка ослободува витамин Ц во активна форма во моментот на користење. Кожата изгледа мазна, сјајна и освежена после само 7 дена редовно нанесување, а со понатамошна употреба нејзината состојбата и дополнително се подобрува. Тајната на ефикасноста на новиот производ Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер е во начинот на комбинирање на активните состојки во него. Вијалата содржи 10% чист медицински витамин Ц во прав (или витамин Ц колку што има во 200 портокали) и лесна емулзија од хијалуронска киселина и ликохалкон А” - изјави пред поголем број на дерматолози и претставници од медиумите Д-р Соња Петрушеска – стручен соработник на Еуцерин за Македонија, на официјалната промоција на овој иновативен производ.

eucerinhyaluron-filler-vitamin-c-buster-so-chist-vitamin-c-kolku-shto-ima-vo-200-portokali-03.jpg

Иновативен концепт

Благодарение на иновативниот концепт на пакување, прашокот витамин Ц е одделен од останатите состојки сè до првата апликација, кога се активира со притискање на мекото дно на вијалата.

Со протресување на вијалата се спојуваат активните состојки и формираат серум којшто со својата моќ ја заштитува кожата од оксидативен стрес. Бустерот го користи чистиот витамин Ц во активна форма. Ликохалкон А го подобрува ефектот од дејството на витаминот Ц за заштита на кожата од влијанието на УВБ, УВА зраците и HEVIS светлината, а делува и смирувачки на кожата, што го прави серумот погоден дури и за чувствителна кожа. Покрај тоа, нискомолекуларната хијалуронска киселина во серумот продира подлабоко во епидермалните слоеви на кожата, каде што се формираат подлабоки брчки и го помага нивното пополнување.

Ефикасно решение за мазна, цврста и еластична кожа!

Овој производ е решение за потребите на кожата кои со текот на времето стануваат сè поголеми, бидејќи основните состојки кои ја прават мазна, цврста и еластична побавно се надополнуваат. На пример, после 30-тата година се намалува количината на создадена хијалуронска киселина и синтезата на колаген, а слободните радикали го забрзуваат стареењето на кожата. Како резултат на тоа почнуваат да се појавуваат фините линии и брчки, а кожата постепено го губи својот младешки изглед.

Содржи витамин Ц колку 200 портокали

Колагенот е одговорен за тонусот на кожата, а витаминот Ц е клучен фактор во синтезата на колагените влакна. Истовремено тој е и многу моќен антиоксиданс и помага во заштита на кожата од негативното влијание на оксидативниот стрес и слободните радикали. Ова значи дека витаминот Ц е од суштинско значење за одржување на кожата во добра состојба. За жал, нашата кожа не може сама да произведува витамин Ц, па ние треба да ѝ го обезбедиме, а со локално нанесување на витамин Ц на површината на кожата, тој делува директно таму каде што е потребно.

Како се користи:

Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер се препорачува да се нанесува секојдневно. Производот содржи активен витамин Ц во концентрација од 10% обезбедувајќи оптимален баланс меѓу подносливост и ефикасност, дури и за чувствителната кожа. Витаминот Ц во прав, се ослободува во формулата со едно притискање на мекото дно на вијалата. Потребно е да се протресе пред употреба, за да се помеша правот со емулзијата и со тоа се активира витаминот Ц кој моментно ја покажува својата моќ. Серумот е со лесна текстура и за најдобри резултати се нанесува секојдневно пред дневниот крем од линијата Hyaluron-Filler или помешан со него. Само после 7 дена кожата изгледа освежена, мазна и посјајна.

eucerinhyaluron-filler-vitamin-c-buster-so-chist-vitamin-c-kolku-shto-ima-vo-200-portokali-04.jpg

eucerinhyaluron-filler-vitamin-c-buster-so-chist-vitamin-c-kolku-shto-ima-vo-200-portokali-05.jpg

eucerinhyaluron-filler-vitamin-c-buster-so-chist-vitamin-c-kolku-shto-ima-vo-200-portokali-06.jpg

eucerinhyaluron-filler-vitamin-c-buster-so-chist-vitamin-c-kolku-shto-ima-vo-200-portokali-07.jpg

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Митови за нега на кожа што често се споделуваат на Инстаграм и ТикТок, според дерматолог Витаминот Е не ги отстранува сите лузни, а пиењето вода нема да ви го реши пробл...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg