Мајка ѝ ја тераше да се шминка и да посетува солариум - Што прави малата мисица денес?

Иден Вуд е родена во 2005-та година, а кога имала само 2 години, нејзината мајка решила дека ќе ја направи модел и кралица на убавината.

prikaznata-na-eden-vud-devojcheto-koe-pobedilo-na-stotici-natprevari-za-ubavina-01.jpg

Додека нејзините врсници си играле со кукли, Иден морала да се шминка и фотографира. Мајка ѝ ја носела на разни натпревари за убавина ширум државата, па Иден била прогласена за најубавото девојче во САД.

Иден била и дел од популарното американско реално шоу Toddlers and Tiaras. На шоуто бил прикажан нејзиниот живот и нејзините достигнувања, кои биле восхитувачки за толку младо девојче.

prikaznata-na-eden-vud-devojcheto-koe-pobedilo-na-stotici-natprevari-za-ubavina-02.jpg

Малата Иден имала навистина строг распоред и цела рутина за убавина. Уште пред да наполни 6 години, редовно одела во солариум, јадела само нискокалорична храна, носела свечени фустани, се шминкала секојдневно и секогаш имала фризура.

Па, малата девојка која уште не знаела ни да чита, ги освојувала модните писти. Жири комисијата била задоволна, но јавноста често ја осудувала нејзината мајка.

prikaznata-na-eden-vud-devojcheto-koe-pobedilo-na-stotici-natprevari-za-ubavina-03.jpg

За Иден секогаш да биде насмеана и со добро расположение, мајка ѝ дури ѝ давала и енергетски пијалаци, а ги пиела навистина често.

Но, ова не било без последици. Поради енергетските пијалаци, Иден имала ужасни главоболки и проблеми со дигестијата.

Сепак, нејзината мајка била фокусирана само на својата цел, па не ја интересирале проблемите на ќерка ѝ.

prikaznata-na-eden-vud-devojcheto-koe-pobedilo-na-stotici-natprevari-za-ubavina-04.jpg

После некое време, Мики, мајката на Иден, конечно била предупредена дека доколку не промени нешто, ќе ѝ ја одземат ќерката. Подоцна се покажало и дека Мики често ја тепала Иден, наводно за да ја направела отпорна на стресни ситуации.

prikaznata-na-eden-vud-devojcheto-koe-pobedilo-na-stotici-natprevari-za-ubavina-05.jpg

За овие гласини, мајка ѝ изјавила дека другите само биле љубоморни бидејќи тие имале многу подобар живот од нив. Наводно, самата Иден сакала да учествува на натпреварите, а мајка ѝ не ја присилувала за ништо.

Кога Иден наполнила 6 години и зад себе имала над 300 натпревари за убавина, решила дека сака да прекине со сето тоа. Девојчето рекло дека е уморно и дека сака да прави нешто друго.

https://www.instagram.com/p/B2T3j_Jj22u/

Подоцна Иден напишлаа и автобиографска книга, се појавила во неколку филмови и направила кукла која личи на неа.

Вo иднина планира да започне да соработува со мајка ѝ и да продаваат детска гардероба.

Денес Иден има 14 години, но на фотографиите изгледа како да има барем 20. Годините поминати со шминка и солариуми, направиле девојчето да изгледа многу постаро.

https://www.instagram.com/p/BuC_L3QDMox/

https://www.instagram.com/p/BtFTcB2jvUx/

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Идеи за маникир со панделки: Тренд што ги освои инфлуенсерките Може да ставите панделка на целиот нокт, на одредени нокти, да направите францус...
Од девојче во дама - 12 примери како шминката целосно го трансформира ликот Колку се разликува вашето лице кога ќе се нашминкате сами, наспроти шминката што...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg