Најчестите грешки при отстранувањето на несаканите влакна
Не ја подготвувате кожата
Доколку ги отстранувате влакната со восок или шеќерна паста, треба добро да ја исчистите кожата. На овој начин ќе се заштитите од потенцијални инфекции или иритација. Истовремено, ќе ја направите депилацијата поефикасна.
Прерано ги отстранувате влакната
Не заборавајте дека влакната се отстрануваат најлесно кога не се премногу кратки.
Најлесно ќе ги отстраните влакната со должина од околу 6 милиметри. Доколку се пократки, нема да можете да ги фатите добро, па ризикувате да останете со повреда.
Доколку користите шеќерна паста, можете да отстранувате и пократки влакна.
Истовремено, и предолгите влакна не се отстрануваат добро. Смесата или восокот можат да се заплеткаат и да останат на влакната, па доколку се подолги, најдобро е да ги скратите.
Неправилна нега на кожата после депилација
Можеби ви изгледа како добра идеја да ставите масло на кожата после депилација, но не правете го ова. Некои масла можат да ги затнат порите и да ја влошат иритацијата.
Најдобро е после депилација да нанесете алое вера гел или посебна крема за смирување на кожата. Исто така, избегнувајте да пливате или да се капите со жешка вода, 1-2 дена после депилацијата.
Подраснати влакна
Подраснатите влакна се знак за неправилна депилација. Причината што е влакното станува потенко и тешко му е да ја пробие кожата, па почнува да расте кон внатре.
Постојат многу причини за појава на подраснати влакна, а дел од нив се погоре на листава. Употребувањето масла, бричењето со тап брич и честото бричење можат да предизвикаат подраснати влакна.
За да ги избегнете, добро подгответе ја кожата за депилација. Доколку се бричите, најдобро е да го правите тоа со пена или гел за бричење.
После секое отстранување на влакната, негувајте ја кожата и не носете синтетичка или тесна облека.
Спирова С. | Црнобело