Домашни третмани со кои ќе ја намалите видливоста на стриите

Стриите на телото настануваат кога кожата брзо ја менува својата форма поради растење или зголемување на телесната тежина. Важно е да знаете дека стриите не се знак дека нешто не е во ред со вашето здравје.

nekolku-produkti-shto-kje-vi-pomognat-da-ja-namalite-vidlivosta-na-striite-01.jpg

Стриите се појавуваат и кај мажите и кај жените, а бременоста и пубертетот се најчестите причини за нивна појава.

Најпрво стриите се појавуваат како тенка црвена или виолетова линија на кожата. Со текот на времето овие линии осветлуваат. Невозможно е целосно да ги отстраните стриите по природен пат, бидејќи тие се вид лузни кои ретко избледуваат доволно за да бидат невидливи.

Но, тоа не значи дека нема никаква надеж. Всушност, постојат неколку продукти што ќе ви помогнат да ја намалите нивната видливост многу побрзо.

Витамин А

Витаминот А е познати како ретинол, а ретинолот пак ја прави кожата помека. Поради тоа, често се користи во разни козметички креми и продукти.

Оралното земање или директното нанесување на витаминот А врз кожата може да го подобри нејзиното здравје. Исхраната богата со намирници како моркови и сладок компир може да ви помогне да го зголемите внесот на витамин А.

Едно постаро истражување од 1996-та година покажало дека ретинолот ја намалува видливоста на стрии. Иако се потребни уште истражувања за неговото влијание врз стриите, сепак пробајте да го решите проблемот со витамин А.

nekolku-produkti-shto-kje-vi-pomognat-da-ja-namalite-vidlivosta-na-striite-02.jpg

Шеќер

Некои луѓе го користат шеќерот за методот познат како микродермоабразија. Оваа техника ја изведува дерматолог и е една од малкуте клинички докажани методи што ја намалуваат видливоста на стриите.

Можете и самите да го направите третманот:

- Измешајте една шолја шеќер со ¼ шолја бадемово или кокосово масло. Треба да добиете смеса како влажен песок.

- Додајте сок од лимон.

- Нанесете ја смесата врз проблематичните места.

- Повторувајте неколку пати неделно и масирајте ја кожата со смесата 8 до 10 минути.

nekolku-produkti-shto-kje-vi-pomognat-da-ja-namalite-vidlivosta-na-striite-03.jpg

Алое вера

Иако постојат малку докази дека алое верата е „лек“ за стриите, чистиот гел од растението ја закрепнува и ја омекнува кожата. Поради ова, вреди да пробате третман со алое вера за вашите стрии.

Сè што треба да направите е да нанесете чист алое вера гел на проблематичните места. За најдобри резултати, правете го ова секој ден.

nekolku-produkti-shto-kje-vi-pomognat-da-ja-namalite-vidlivosta-na-striite-04.jpg

Хијалуронска киселина

Колагенот е протеин во кожата што ги задржува нејзината форма и здрав изглед. Но со стареењето, нивото на колаген во кожата се намалува.

Производството на колаген може да се стимулира со хијалуронска киселина, која можете да ја консумирате со капсули или екстракти.

nekolku-produkti-shto-kje-vi-pomognat-da-ja-namalite-vidlivosta-na-striite-05.jpg

Кокосово масло

Бидејќи стриите се лузни од оштетување на кожата, кокосовото масло може да ви помогне да ја намалите нивната видливост. Според некои истражувања, кокосовото масло го намалува потребното време за зараснување на раните на кожата.

Секој ден нанесувајте кокосово масло на стриите и ќе забележите дека црвенилото ќе се намали.

nekolku-produkti-shto-kje-vi-pomognat-da-ja-namalite-vidlivosta-na-striite-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Колкаво количество продукти за убавина треба да користите, според експерти Кога нанесувате крем со фактор, важно е да го прекриете цело лице, а за ова ќе в...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg