Пробајте ги вежбите против стареење на Меган Маркл
Никола Џос е омилениот естетичар на Меган Маркл кој направил негова техника за одржување на добриот изглед на кожата на лицето.
Неговата техника вклучува масажа со која се подобрува тенот и текстурата на кожата, се отстрануваат отоците, се активира производството на колаген и се зајакнуваат мускулите.
За среќа, Никола ја споделил неговата тајна, па сега и вие самите можете да си направите третман.
Нанесете масло
Кога ќе почнете со масажата, можно е да почувствувате малку болка. Во тој случај треба да го намалите притисокот.
Најпрво важно е да нанесете есенцијално масло или каква било крема за навлажнување на лицето и вратот. Ставете неколку капки на вашите прсти, втријте го маслото на дланките и потоа нанесете го на лицето.
Релаксирајте се
Затворете ги очите и покријте го лицето со дланките. Држете ја положбата неколку секунди, а потоа придвижете ги дланките кон вратот.
Со овој чекор ја подготвувате вашата кожа, па немојте да притискате многу силно.
Подгответе ја кожата
Нанесете малку притисок и придвижете ги дланките од центарот на лицето кон надвор.
Сега веќе го активиравте лимфниот систем и доволно ја загреавте кожата за масажата.
Мали кругови
Почнувајќи од средината на лицето, почнете да го втривате маслото на кожата со мали кружни движења. Движете ги дланките кон надвор и нагоре.
Масажа на вилицата
Со показалецот и средниот прст на двете раце поминете по линијата на вилицата, сè до ушите. Ова е одличен начин да ја одржите контурата на вашето лице.
Повторете 6 пати.