Трикови со кои ќе се чувствувате самоуверено и привлечно во секој момент
Можеби здравата исхрана и вежбањето имаат добро влијание врз вашиот изглед, но одвреме-навреме сигурно ви е потребно и малку поддршка.
Понекогаш е навистина лесно да ја изгубите вашата самодоверба, па без разлика колку добро изгледате, воопшто не се чувствувате така.
Во тие моменти, потсетете се на некој од следниве совети.
Смејте се повеќе
Нема маж кој не ја сака насмевката на својата партнерка. Всушност, насмевката им е омилената карактеристика, а за да се насмевнете не треба многу. Покрај тоа што ќе изгледате неверојатно, ќе ви се подобри и расположението.
Носете нешто црвено
Црвената веќе неколку пати е прогласена за најпривлечна боја и навистина им го привлекува вниманието на мажите. Секоја жена изгледа многу подобро кога носи црвено.
Насмејте ги другите
Смислата за хумор е одлика што ја посакува секој, и тоа со причина. Не постои маж кој нема да „падне“ на вашата смисла за хумор, а кога ќе забележите дека сте ги расположиле другите, и вашето расположение значително ќе се подобри.
Пронајдете го вашиот парфем
Одберете го омилениот парфем и направете го ваш заштитен знак. Од една страна постојано ќе добивате комплименти за вашиот мирис, а од друга ќе бидете полни со самодоверба.
Обрнете му внимание на партнерот
Обидете се да се поврзете со партнерот што е моќно повеќе и покажете му дека навистина се грижите за него. Не заборавајте да го изненадувате со мали слатки гестови.
Носете чевли со високи потпетици
Пронајдете удобен пар чевли со високи потпетици и со нив ќе го освоите светот. Секоја жена се чувствува многу подобро со високи потпетици, а овие обувки ќе направат да изгледате навистина неверојатно.
Спирова С. | Црнобело