6 причини зошто е добро да ставате коцки мраз на лицето
Третманот на кожата со коцки мраз може да има голема корист за кожата, ако се користи правилно. Знаете ли дека мразот го намалува црвенилото и го забавува создавањето на брчки?
Ова се само некои од корисните придобивки на мразот.
Дознајте зошто е добро да ставате коцки мраз на лицето:
1. Ѝ дава природен сјај на кожата
Кога се нанесува на кожата, мразот ја подобрува циркулацијата на крвта, што потоа ѝ дава на кожата природен, здрав сјај. За да се направи уште посјајна, во коцките мраз може да се стави и некое овошје.
2. Го намалува црвенилото
Коцките мраз можат да го намалат воспалението и црвенилото предизвикано од акните. Можете да ги ставите директно на акните неколку секунди. Ова можете да го правите преку една вечер.
3. Одличен третман за подочници
Комбинацијата на сок од краставица и вода во форма на мраз може да ви помогне во намалувањето на подочниците. Овој третман ќе ја намали подуеноста на очите.
4. Мраз за цврста кожа
Мразот е одличен за мазнење и зацврстување на кожата. Нанесете коцки мраз низ целото лице, пред да ставите шминка, за да ги минимизирате порите.
Со ова вашата шминка ќе изгледа многу подобро, а вашата кожа ќе изгледа мазно и беспрекорно.
5. Како замена за шминка
Ако немате време за шминкање, тогаш коцките мраз ќе ве спасат. Тие помагаат вашата кожа да има сјаен и свеж изглед, дури и без шминка.
6. Го забавува формирањето на брчките
Ако редовно го масирате лицето со коцки мраз, овој третман ќе ја подобри еластичноста на кожата, што може да го забави создавањето на брчките и да ги ублажи првите знаци на стареење.
Ашера | Црнобело