Има вишок килограми, а самоуверено позира во тантела: Меган е лекција за сите девојки (фото)

Коментари од типот „Види ја, колку е дебела“ не допираат до Меган, таа научила како да им пркоси на глупавите стандарди за убавина денес и да се сака таква каква што е.

ima-vishok-kilogrami-a-samouvereno-pozira-vo-tantela-megan-e-lekcija-za-site-devojki-foto-01.jpg

Нашите тела не се само за да изгледаат добро. Тие се наше средство да живееме, да дишеме и да го искусуваме сето тоа што светот ни го нуди.

Зошто тогаш станавме толку строги во поглед на нашите тела? Коментари од типот „Види ја, колку е дебела“ може потоа да резултираат со разнишување на комплетната самодоверба на одредена личност, со себекритичност и депресија.

Токму затоа во ова време на „совршени“ блогерки, мило ни е што постојат и такви како Меган Џејн Краб.

Таа искрено ја раскажува својата приказна како од мразење на своето тело, стигнала до ширење на позитивност за убавината на сите облици на тела.

„Пред да изградам здрава врска со своето тело, сфатив зошто всушност толку многу го мразев претходно. Слушајќи за сите диети почнав да го гледам своето тело како проблем (за индустријата да може да профитира од моите несигурности).

Одлучив да не трошам повеќе ниту миг верувајќи дека не заслужувам да живеам среќно, поради некои глупави идеали за убавина. Не заслужив некој да ме учи дека мојата вредност се мери според тоа како моето тело изгледа, а не заслужува ниту личноста што го чита ова“, порачува Меган.

Фотки од оваа инспиративна девојка:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Животински принт и кафеави нијанси за совршен есенски маникир (фото) Светли или темни тонови, шпиц или рамни нокти и по некој украс со животински при...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg