„Golden hour“ прамени: Фризура која сите девојки ја посакуваат оваа сезона
Терминот „Golden hour“, или златен час, станува сè попопуларен и го означува заоѓањето на сонцето, односно периодот од денот кога светлината е совршена за фотографирање. Но овој пат терминот е искористен и за фризура.
Трендот го прослави можеби најпознатата русокоса денес – Блејк Лајвли. Станува збор за фризура каде што тенките светли прамени што го врамуваат лицето почнуваат уште на врвот на скалпот. Целта е да се добие изглед како сонцето да ја осветлува косата.
Иако оваа фризура најдобро изгледа на светла коса, истата техника може да се примени на сите нијанси. Покрај тоа, бидејќи е лесно да ги одвоите само предните прамени, можете и самите да ја офарбате косата.
https://www.instagram.com/p/Bza1knupVqF/?utm_source=ig_embed
Уште подобро е што оваа фризура е лесна за одржување и нема потреба често да одите на фризер - како што ќе расте косата, прамените ќе изгледаат поприродно и подобро.
Тренд за убавина кој ќе владее во сезоната „крај на лето-почеток на есен“:
Спирова С. | Црнобело