18 трикови за беспрекорен изглед од стилистите на ѕвездите
Кога ги гледате ѕвездите на црвениот тепих, сигурно си помислувате дека се совршени. Но, и овде не е сè така гламурозно.
Всушност, славните користат бројни трикови кои им помагаат да изгледаат беспрекорно пред очите на јавноста, а дел од нив можете да погледнете во продолжение.
CBD масло за болни стапала
Ова масло се користи за намалување на болката, ублажување на воспалителните процеси и артритисот, но наводно е одлично и за намалување на болката во стапалата. Обично славните го населувале 5-10 минути пред да ги облечат чевлите бидејќи на овој начин најмногу се чувствува неговото влијание. Овој трик можете да го користете за кои било неудобни чевли, без разлика дали се со потпетици или рамни.
Сунѓер за шминкање против дамки од дезодоранс
Сигурно ви се случило да ви останат дамки од дезодоранс на облеката. Но, славните имаат трик и за ова. Сунѓерчето што го користите за шминкање може да ви помогне да ги отстраните белите дамки од облеката. Истото можете да го направите и со хулахопки стуткани во топка.
Леплива трака за подигнати гради
Нема жена која не посакала деколте како на дамите од црвениот тепих. Но и зад оваа совршеност се крие трик. Многу славни користат леплива трака за да ги подигнат градите и да го подобрат изгледот на нивното деколте.
Ова им дава природен изглед, а траките издржуваат и по цела ноќ. Важно е само да одберете трака со помалку лепило.
Сапун за заглавен патент
Доколку ви заглави патентот, можете да го решите проблемот со малку сапун. Истото можете да го направите и со кора од банана, само треба да бидете внимателни да не ја извалкате облеката.
Фотографирајте се со блиц пред излегување
Можеби на нормално светло изгледате одлично, но кога ќе се вклучи блицот целиот труд паѓа во вода. Поради ова, секогаш фотографирајте се со блиц пред да излезете за да видите дали облеката ви е провидна и дали имате пропусти во шминкањето.
Хартија за брусење на потпетиците
Потпетиците и онака не се многу удобни за одење, а кога има лизгав под, нештата сè уште полоши. Изгледа дека црвениот тепих е навистина лизгаво место, па многу ѕвезди ставаат хартија за брусење на нивните потпетици за да го сопрат паѓањето.
Средување на косата со балсам за усни
Балсамот за усни може да ви помогне да ги смирите „тврдоглавите“ прамени коса. Само внимавајте да не нанесете премногу, бидејќи ќе ја измрсите косата.
Пробувајте разни пози за фотографирање
Секое парче облека може да изгледа подобро во разна поза. Па, откако ќе се средите, пред огледало пробајте неколку пози за фотографирање.
Покријте го лицето додека се облекувате
Кога ќе завршите со шминкање, сигурно не сакате дел од шминката да заврши на вашата облека. За да го спречите ова, на лицето ставете марама или шал додека се облекувате, особено доколку носите бела облека.