„Косата како преку ноќ да ми побеле на 21 година, се срамев, но не повеќе“
Сара имала живот со родители од ментална институција, сиропиталиште, злоупотреби и тоа се одразило врз неа, но сега се прифаќа таква каква што е.
Секоја фаза од животот има свои убавини и предизвици. За жал, поради наметнатите стандарди за убавина многу жени се соочуваат со проблем да ги прифатат знаците на стареење.
Сара Ајзенмен го открива нејзиниот пат на прифаќање на нејзината природна боја за коса.
Таа е бизнис жена и мајка на 2 деца и вели дека сега на 43 години е доволно самоуверена да ја носи својата седа боја на коса.
Сара имала тешко детство. Нејзините родители се запознале во ментална институција и тие не можеле соодветно да се грижат за неа, па на 9-годишна возраст била испратена во сиропиталиште.
На 11 години почнала да живее во домот на сестра ѝ, каде трпела разни злоупотреби, па затоа на 17 години се преселила во Лос Анџелес. Страдала од пострауматски стрес од сè што ѝ се случило.
Но, не се откажала и на 22 години ја запознала својата сродна душа, се омажила и дипломирала на факултет.
Сепак, стресот си го земал данокот и на 21 година косата како преку ноќ да ѝ побелела. На сите страни имало бели корени, таа била преплашена.
Одлучила на 15 дена редовно да ја бојадисува нејзината коса за да ги сокрие седите влакна. Тоа го правела со години.
Потоа кога наполнила 37 години сфатила дека во животот има поважни работи од белите влакна на главата. Престанала да ја бојадисува и сфатила дека таа има магичен сјај.
Сега на 43 вели: „Чувствувам дека мојата коса е симбол на природната убавина и слободата. Сакам да им покажам и на другите жени да откријат колку се прекрасни такви какви што се и да сфатат колку забавен и слободен животот може да биде.“
На колку години вие го забележавте вашето прво седо влакно?
С. С. | Црнобело