Познати жени кои го избегнуваат црвениот кармин
Скарлет Јохансон
Познатата глумица е со црвени усни, исклучиво кога работи на рекламните кампањи, за брендот Dolce & Gabbana. Скарлет Јохансон тогаш прави отстапки, дозволувајќи да ја нашминкаат со кармин во таа боја.
Остатокот од времето, оваа алатка за убавина, се наоѓа на нејзината црна листа.
Каја Гербер
Младата манекенка сигурно има доволно шминкерски експерименти во текот на ревиите. Така што не ѝ се брза.
Каја Гербер во секојдневниот живот не се одлучува за црвен кармин.
Џулија Робертс
Доколку сакате да ја видите прекрасната актерка со црвени усни, тогаш погледнете го филмот „Pretty Woman“.
Џулија Робертс одбира розови, или, пак, беж тонови, кога и да ги шминка усните за појавување на настани.
М. А. | Црнобело