Познати жени кои го избегнуваат црвениот кармин
Иако важи за боја на усните, што привлекува најголемо внимание, а на ѕвездите тоа им годи повеќе од сѐ, не е мал бројот на славни дами, кои речиси е невозможно да ги видите така нашминкани.
Овие се познатите жени кои го избегнуваат црвениот кармин:
Џенифер Лопез
Ќе мора да прегледате илјадници фотографии, пред да наидете на слика од латино дивата, кадешто таа е со црвен кармин на усните.
А, истите се претежно од сценски настапи на Џенифер Лопез. Наместо црвениот кармин, пејачката и глумица ги претпочита нијансите во боја на кожа.
Викторија Бекам
На почетокот од кариерата, спајсицата имаше неколку појавувања со шминка, каде главниот акцент беше на црвениот кармин. И сите беа неуспешни.
Викторија Бекам од тој момент одлучила, засекогаш да заборави на сите нијанси на црвено. Со исклучок на гардеробата – се разбира.
Селин Дион
Музичката икона внимателно ги следи трендовите, а секогаш ги слуша и нејзините визажисти и стилисти. Тие очигледно не ѝ препорачуваат на Селин Дион, дури ни да го погледне црвениот кармин.
Кога е пејачката во прашање, веројатно ова е правилна одлука од нивна страна.
Ирина Шајк
Манекенката има природно убави усни, кои совршено би изгледале со црвен кармин на нив.
Ама – не. Ирина Шајк не може често да се види така нападно нашминкана.