3 трикови со кои ќе ѝ дадете „втор живот“ на вашата маскара
Сите девојки ја знаат моќта на маскарата. Според многумина, само маскара ви е доволна за да го подобрите изгледот, но ако истата е сува, ефектот е спротивен.
Старост: За жал, сите масакри си имаат рок на траење кој најчесто е три месеци. Важно е да се ослободите од маскарите што се постари од 3-4 месеци од хигиенски причини.
Имено, доколку ги користите и после овој период, ги изложувате вашите очи на бактерии и го зголемувате ризикот од инфекции.
„Пумпање“: Ова може да ја исуши маскарата многу брзо. Причината е што со честото внесување и вадење на четкава, во шишенцето влегува воздух што ја оксидира и суши маскарата.
Неправилно затворање: Доколку ја оставате маскарата отворена, дури и многу малку, во неа може да влезе воздух.
Сепак, понекогаш и добрата грижа за маскарата не е доволна, па погледнете како можете да ѝ го вратите животот:
Врела вода
За овој трик, зовријте вода и ставете ја во шолја. Потоа ставете ја маскарата внатре добро затворена и оставете ја околу 5 минути. Врелата вода ќе ја направи потечна.
Имајте на ум дека овој трик е само привремено решение и можеби ќе треба да нанесете повеќе слоеви од маскарата. Сепак, ќе ве спаси наредните неколку денови.
Раствор за контактни леќи
Земете раствор за контактни леќи и ставете 1 до 2 капки во шишенцето маскара. Заменете ја четката со нова и промешајте. Потоа тестирајте ја маскарата на вашата дланка. Доколку сè уште ви изгледа сува, повторете го процесот.
Внимавајте да не додадете премногу од растворот бидејќи ќе ја направи маскарата премногу течна за користење.
Масло
За овој трик можете да користите маслиново или какви било друго, природно масло. Најважно е да биде безбедно за нанесување на кожата. Сè што треба да направите е да додадете неколку капки во шишенцето и да промешате.
И во овој случај, доколку маскарата сè уште ви изгледа сува, додајте уште 1-2 капки масло.
Спирова С. | Црнобело