Фризури што ќе ви помогнат да издржите 6 дена без миење на косата

Не постои жена која барем еднаш не го занемарила миењето на косата. Можеби сте немале време, сте немале услови, или пак едноставно ве мрзело.

soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-izdrzhite-6-denovi-bez-mienje-na-kosata-01.jpg

Во овие ситуации најчесто посегаме по шампони за суво миење, но тие не се секогаш најдоброто решение. Од друга страна, пак, и пречестото миење на косата е штетно за неа.

Сигурно познавате барем една девојка која ја мие косата еднаш или два пати неделно, а секогаш ѝ изгледа чисто и средено.

Сега и вие можете да го постигнете тоа со неколку едноставни совети.

Пoнеделник: Миење

Можете да отидете на фризер или пак самите да ја измиете косата. Најважно е да употребите малку шампон и неколку капки средство за нега на косата.

Колку повеќе продукти нанесувате на косата, толку полесно ќе се измрси.

soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-izdrzhite-6-denovi-bez-mienje-na-kosata-02.jpg

Вторник: Освежување со шампон за суво миење

Еден ден после миење вашата коса сè уште ќе изгледа свежи и чисто. Вториот ден можете да ја освежите косата со малку шампон за суво миење.

Нанесете го директно скалпот, а потоа преместете го патецот на другата страна. На овој начин вашата коса веднаш ќе добие волумен.

soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-izdrzhite-6-denovi-bez-mienje-na-kosata-03.jpg

Среда: Неуредна плетенка

Сега е време да ја тргнете косата од лицето. Плетенката е одлично решение за немиената коса бидејќи одлично стои и кога е неуредна.

Важно е во текот на денот да не ја допирате плетенката бидејќи ќе го изгуби волуменот и ќе се поттикне лачењето масти. Оставете ја плетенката и преку ноќ.

soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-izdrzhite-6-denovi-bez-mienje-na-kosata-04.jpg

Четврток: Мала пунџа

Сега веќе косата почнува да изгледа валкано, но ќе ве спаси плетенката од претходниот ден. Пуштете ја косата и поминете со прстите низ неа.

Брановидната коса ќе биде совршена за мала пунџа на врвот од главата. Па, одвојте го горниот дел и направете мала пунџа.

soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-izdrzhite-6-denovi-bez-mienje-na-kosata-05.jpg

Петок: Опавче

Четири дена после миење, вашата коса е совршена за опавче. Исчешлајте ја косата и фатете ја во цврсто опавче. Со балсам за коса средете ги неуредните влакна.

soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-izdrzhite-6-denovi-bez-mienje-na-kosata-06.jpg

Сабота: Марама

За викендите никој нема да ви замери ако ја соберете косата во марама. Марамите изгледаат навистина добро, удобни се и ќе ви помогнат да издржите до последниот ден.

Денес можеби ќе ви биде потребен и добар парфем за коса.

soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-izdrzhite-6-denovi-bez-mienje-na-kosata-07.jpg

Недела: Миење

Денес можете да ја измиете косата со разреден јаболков оцет, а потоа со шампон. Не заборавајте и на продуктите за нега на коса.

soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-izdrzhite-6-denovi-bez-mienje-na-kosata-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg