3 продукти за убавина на кои залудно трошите пари

Пазарот за продукти за убавина се зголемува со неверојатна брзина, па секој ден се појавува барем еден нов производ. Поради ова, не е ни чудно што секоја посета на дрогерија завршува со вртоглаво висока сметка.

3-produkti-za-ubavina-na-koi-zaludno-troshite-pari-01.jpg

Но, факт е дека често купувате продукти за убавина што воопшто не ви се потребни.

Редовната и квалитетна нега на вашето тело би требало да ви биде приоритет, но тоа не значи дека треба да го пробувате секој производ што ќе се појави во продавниците.

Најдобро е да ги вложите вашите пари во помалку, но поквалитетни продукти, со кои навистина ќе забележите разлика.

Во продолжение погледнете ги 3-те продукти за убавина што воопшто не ви се потребни:

Креми за врат и деколте

Кожата на вратот и деколтето е навистина тенка и бара посебна нега. Имено, првите знаци на стареење се појавуваат токму во овој предел.

Но, ова не значи дека морате да купувате креми и разни продукти посебно за овој дел од телото. Важно е секојдневно да ја хидрирате кожата на вратот и деколтето, но тоа можете да го направите и со обична крема што ја користите за вашето лице.

Сè што треба да направите е да ја втриете кремата со нежни движења.

3-produkti-za-ubavina-na-koi-zaludno-troshite-pari-02.jpg

„Peel off“ маска за лице

Веројатно и вие, како и безброј други девојки, сте се убедиле дека „peel off“ маските за лице, особено црните, прават чуда. Отстранувањето на овие маски е навистина забавно и лицето можеби ќе ви изгледа посвежо, но нема да го добиете посакуваниот ефект – целосно исчистени пори и митесери.

Наместо да давате пари за овие маски, отидете на темелно чистење на лицето кај козметичар и митесерите ќе станат проблем од минатото.

3-produkti-za-ubavina-na-koi-zaludno-troshite-pari-03.jpg

Пена за бричење за жени

Помеѓу продуктите за бричење и депилација, пените за бричење се едни од омилените производи на повеќето жени. Но, освен тоа што се поскапи, тие воопшто не се разликуваат од „машките“ пени за бричење.

Доколку редовно го користите овој производ, најдобро е да купувате пена за мажи и ќе заштедите многу.

3-produkti-za-ubavina-na-koi-zaludno-troshite-pari-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Колкаво количество продукти за убавина треба да користите, според експерти Кога нанесувате крем со фактор, важно е да го прекриете цело лице, а за ова ќе в...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg