Ја држите долго во крпа, фенот е преблиску до главата: Грешки кои ги правите при сушење на косата
Иако сушењето коса никој не го замислува како посебна филозофија, сепак сигурно правите барем неколку грешки со фенот.
На пример, дали мислите дека дувате со фенот во правилна насока и на соодветно растојание од главата?
Секоја ситница има големо значење за здравиот и добар изглед на косата, па добро е да знаете кои грешки треба да ги избегнувате.
Грешки кои речиси сите ги прават со фенот за коса:
Дувате само со топол воздух
Опцијата за дување ладен воздух не е грешка на фабриките – всушност, треба да ја користите. По сушењето, издувајте ја косата со ладен воздух, за да спречите уништување на фризурата од влага.
Дувате во погрешна насока
Иако косата ќе се исуши како и да ја дувате, сепак треба фенот да ви биде поставен така што ќе дува во насока од коренот кон врвовите, во насока на растот на косата, за косата да добие природен сјај и да не се уништуваат влакната.
Ја вртите косата надолу
Не ја вртете косата надолу кога ја сушите, а не мора ниту да ја држите со раце за подобро да ја исушите.
Земете четка во едната рака и држете ја на врвовите, а со фенот дувајте од горе-надолу.
Фенот ви е премногу блиску до главата
Со тоа што ја сушите косата од многу блиску, може да го направите влакното покршливо, но и да го изгорите скалпот. 30 cm е идеална должина на растојанието помеѓу главата и фенот.
Не ја делите косата на 4 дела
Најчесто дувате со фенот насекаде додека не почувствувате дека поголем дел од косата е сув, но ако ја поделите косата на 4 дела и ги сушите редоследно, процесот ќе оди многу побрзо.
Долго ја држите косата во крпа
Косата не треба да стои во крпа подолго од 30 минути, посебно ако е памучен материјал. Одберете мека крпа од микрофибер и оставете ја косата максимум 10 минути да се суши во неа.
Излегувате веднаш по сушење
Откако ќе ја исушите косата, добро е да останете на затворено одреден период, наместо веднаш да излезете. Нагло менување на температурата ќе има негативно влијание врз волуменот на косата.
Не го чистите фенот
Фенот исто така се полни со прашина и нечистотии кои се штетни за косата, па добро е понекогаш да го исчистите фенот.
M. M. | Црнобело