Што се случи со лицето на убавицата Дениз Ричардс?
Драматичната промена ги подели корисниците на социјалните мрежи. Едни велат дека воопшто не личи на себе поради естетските корекции, додека останатите велат дека се во прашање само несреќни пози за фотографирање.
Американската русокоса убавица ја започна кариерата како модел, а во деведесетите години од минатиот век имаше и забележителни улоги во повеќе филмски наслови.
Дениз Ричардс (48) се омажи за актерот Чарли Шин (54) во 2002 година, по што се посвети на мајчинството. Парот се разведе четири години подоцна.
Годинава се врати во центарот на вниманието, откако стана дел од екипата на мошне популарното реално шоу „The Real Housewives of Beverly Hills“, како и сапунската опера „The Bold and the Beautiful“.
А, со враќањето пред камерите, започнаа гласините за физичката трансформација на актерката во јавноста. Таа се обиде да порекне дека во меѓувреме направила корекции на ликот.
Одново ги подгреа шпекулациите кога неодамна се појави на телевизиски фестивал во Монте Карло. На фотографиите можеa да се забележат видни промени на нејзиното лице, во споредба со сликите од пред само неколку месеци.
Корисниците на социјалните мрежи искоментираа дека јасно се гледа дека ставила филери во образите. Останатите, пак, застанаа во одбрана на својата миленичка, па драматичната разлика ја препишаа на несреќно избрани пози.
Сепак, продолжува дебатата за естетските корекции, како и прашањето: што се случи со лицето на убавицата Дениз Ричардс?
М. А. | Црнобело