„Поради мажите како тебе некогаш имав силикони“ - жена критикувана поради малите гради

„Не ми требаат големи гради за да бидам женствена“ - жена му врати на мажот што ја исмеваше за малите гради.

poradi-mazhite-kako-tebe-nekogash-imav-silikoni-zhena-kritikuvana-poradi-malite-gradi-01.jpg

Сиа Купер е Инстаграм фитнес ѕвезда со повеќе од 1.2 милиони следбеници. Таа постојано промовира здрав начин на живот и позитивни мисли, но и покрај тоа е мета на критики.

Еден маж на нејзина фотографија со бикини коментирал дека градите ѝ се премали и таа има тело како на момче.

poradi-mazhite-kako-tebe-nekogash-imav-silikoni-zhena-kritikuvana-poradi-malite-gradi-02.jpg

Купер која имаше силиконски импланти на градите, но ги отстрани минатата година му врати на „хејтерот“:

„Моето тело и моите природни гради не се тука за ТВОЈА забава. Токму мажите како тебе се причината зошто чувствував притисок да ставам импланти во градите, кога навистина немаше потреба.

Сега, не ми е грижа колку се мали моите гради на крајот денот. Сум била на двата краја од спектарот и никогаш не сум била посреќна од сега кога имам вакви „мали“ гради.

poradi-mazhite-kako-tebe-nekogash-imav-silikoni-zhena-kritikuvana-poradi-malite-gradi-03.jpg

Никогаш не сум се чувствувала посамоуверено или секси - вака сосема природна. Не ми е на листата со цели да имам совршени гради за да задоволам некого.

Не ми се потребни големи гради за да бидам среќна или женствена. Ја достигнав фазата во животот во која имам поважни работи на ум. Ги живеам најдобрите мигови во животот. Изгледот избледува, самодовербата не.“

View this post on Instagram

A post shared by Sia Clyde | Fitness, Comedy, Relatable (@diaryofafitmommyofficial)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
4 најголеми грешки поради кои изгледате постаро отколку што сте Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да ...
Детали кои не ги забележувате во изгледот, но поради нив делувате неуредно Темни траги на прстите од прстените, неразмачкана пудра, остатоци од долготраен ...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg