Жени гордо позираат во бикини со влакна под пазувите и на препоните
„Влакната на женското тело не се табу и навистина нема потреба од притисок дека тие мора да бидат отстранети во лето кога носите бикини“, порачува една рекламна кампања.
Компанија за бричеви лансираше необична кампања во која жените самоуверено позираат со влакна под пазувите и на препоните.
Предизвикот „подготвени за лето“ (summer ready) сака да го намали притисокот врз жените дека мора постојано да се бричат во топлите месеци.
Оваа компанија сака да посочи дека бричењето е избор, а не очекување кое задолжително мора да го исполните.
Многу жени чувствуваат притисок дека мора да бидат сосема без влакна во сезоната на бикини, па целта на компанијата е да порача дека без разлика дали ќе се бричите или не, вие сте подготвени за летото.
Телото треба да биде славено слободно и без срам. Проектот „Red, White and You Do You“ на компанијата Billie наиде на измешани реакции.
Што мислите вие за овој маркетинг потег?
С. С. | Црнобело