Нов лосион за тело Eucerin®Sun, кој го спречува фотостареењето на кожата

nov-losion-za-telo-eucerin-sun-koj-go-sprecuva-fotostareenjeto-na-kozhata-01.jpg

  • Не остава дамки на пределот на деколтето, вратот, рамената и рацете
  • Истовремено видливо ги намалува знаците на стареење на кожата

Уживањето на сонце е нешто што ни е потребно, и кое позитивно влијае врз нашето тело. Сепак, прекумерната изложеност е главната причина за таканареченото фотостареење или предвремено стареење на кожата предизвикано од УВ зраците. Покрај нашето лице, изложени на сончевите зраци се и нашето деколте, рацете, рамената и вратот, на кои неретко и избегнуваме да нанесеме заштитен фактор. Една од причините за тоа во секојдневниот живот, е лепливоста и дамките кои овие производи ги оставаат на телото и на гардеробата. 

Со цел да се обезбеди ефикасна заштита од сонце на кожата на телото, да се спречи предвременото стареење, а и да се обезбеди практичност во употребата, Еуцерин лансираше нов иновативен производ кој одговара на сите погоре наведени потреби.  Новиот Eucerin® лосион за заштита од сонце го контролира фотостареењето со помош на високиот заштитен фактор од сонце и биолошката заштита за кожата, го помага пополнувањето на брчките со помош на хијалуронската киселина, а има и специјална формула која ја заштитува облеката од масни траги т.е. дамки, коишто многу често се јавуваат при користење на средства за заштита од сонце.  

Со овој производ се овозможува заштита на кожата на деколтето, рацете, рамената и вратот кои се исто така многу изложени на сонце, а притоа да не се секираме дали ќе се изфлека или упропасти гардеробата, како што е случајот со многу препарати за заштита од сонце кои се премногу лепливи или непријатни за кожата, па многу луѓе не сакаат да ги користат во секојдневниот живот. Новиот лосион на Eucerin овозможува висока заштита од UVA и UVB зраците. Хијалуронската киселина со којашто дополнително е збогатена формулата врзува вода и добро ја хидрира кожата, при што истовремено видливо ги намалува знаците на стареење на кожата како фините линии и брчки.

nov-losion-za-telo-eucerin-sun-koj-go-sprecuva-fotostareenjeto-na-kozhata-02.jpg

Фотостареење - што се случува со кожата?

Тоа значи прерано стареење на кожата поради преголемо изложување на сонце, а предизвикано од различни видови на УВ зраци. UVB зраците пенетрираат во кожата, и можат да доведат до изгореници и директно да ја оштетат клеточната ДНК. Во најлош случај, ова предизвикува кожни болести или дури и рак на кожата.  Директното оштетување на ДНК доведува до фотостареење, а е предизвикано од УВА-зраците. Тие влегуваат во подлабоките слоеви на кожата, предизвикуваат оксидативен стрес и ослободување на слободни радикали. Тие не само што ги оштетуваат клетките на кожата, туку исто така го разложуваат колагенот и еластинот, кои се важни за рамна и мазна кожа. Како резултат на тоа се формираат брчки, кожата го губи волуменот и предвремено се стреми кон хиперпигментација. Истражувањата покажаа дека освен УВА и УВБ зраците и високоенергетската видлива светлина предизвикува фотостареење на кожата. Таа не предизвикува изгореници, но делува слично на УВА-зраците, односно води до ослободување на слободните радикали и стареење на кожата.

Затоа е важно освен кожата на лицето, да ја заштитиме кожата којашто е изложена на УВ-те зраци и на останатите делови на нашето тело, како онаа на деколтето, рацете, рамената и вратот.

nov-losion-za-telo-eucerin-sun-koj-go-sprecuva-fotostareenjeto-na-kozhata-06.jpg

Заштитена кожа без дамки на облеката!

УВ филтрите кои ги има во производите за заштита од сонце, често пати оставаат жолти дамки на облеката. Колку е поголем SPF, толку е поголема количината на филтри и на тој начин, генерално, толку се поинтензивни жолтите дамки.

Со најновата генерација на Eucerin® Sun производите, интензитетот на дамките од средствата за сончање ефикасно е намален." Ефикасноста на производот е одобрена од акредитирана лабораторија за тестирање на текстил при Hohenstein институтот во Германија. "На Институтот Hohenstein, развивме систем за тестирање in vitro кој ги симулира условите што ги доживуваат потрошувачите кога користат производи за заштита од сонце", објаснува д-р Јан Берингер, раководител на Институтот за развој." Ние ги применивме производите на ткаенини, ги тестиравме симулирајќи различни услови, како што се користење на детергент за перење, агенси за белење итн., го тестиравме дури и влијанието на квалитетот на водата. Благодарение на ова бевме во можност да го измериме интензитетот на добиените дамки преку мерење на боите и да видиме како се менува интензитетот на дамките при користење на новите Eucerin® производи коишто содржат формула против флеки. "

Потрошувачите кои ги тестираа производите во реалниот живот во Чиле, ги потврдија и одличните резултати: 97 % изјавиле дека производот остава помалку или никакви дамки на облеката, а исто така 97 % изјавиле дека по перењето забележале помалку дамки на нивната облека.

nov-losion-za-telo-eucerin-sun-koj-go-sprecuva-fotostareenjeto-na-kozhata-05.jpg

nov-losion-za-telo-eucerin-sun-koj-go-sprecuva-fotostareenjeto-na-kozhata-04.jpg

Производите кои содржат специјална технологија за заштита од флеки на облеката се следните:

  • Eucerin® Лосион за заштита од сонце против фотостареење со SPF 50+, 150 мл
  • Еucerin® Sensitive Protect Детски крем-флуид за заштита од сонце со SPF 50+, 50 мл
  • Eucerin® Sensitive Protect Детски спреј за заштита од сонце со SPF 50+, 200 мл
  • Eucerin® Sensitive Protect Детски спреј за заштита од сонце со SPF 50+, 300 ml
  • Eucerin® Sensitive Protect Детски лосион за заштита од сонце со SPF 50+, 400 мл

nov-losion-za-telo-eucerin-sun-koj-go-sprecuva-fotostareenjeto-na-kozhata-07.jpg

nov-losion-za-telo-eucerin-sun-koj-go-sprecuva-fotostareenjeto-na-kozhata-08.jpg

nov-losion-za-telo-eucerin-sun-koj-go-sprecuva-fotostareenjeto-na-kozhata-09.jpg

nov-losion-za-telo-eucerin-sun-koj-go-sprecuva-fotostareenjeto-na-kozhata-10.jpg

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Популарни митови за нега на кожа од Инстаграм и ТикТок (кои можат да бидат и штетни) Не ви требаат 10 продукти за нега на кожа и ако некој продукт ви предизвикува ир...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Грешки во рутината за убавина што ги правиме во лето (а можат да бидат штетни) Дали ставате балсам за усни со фактор? А, дали имате навика да ги бричите нозете...
Боб фризурата е хит кај ѕвездите – ја носат и нашите славни дами (фото) Сара Мејс, Селена Гомез – боб фризурата со должина до рамената е хит кај славнит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg