Кои особини ве прават привлечни за другите луѓе?

Кој не би сакал да знае кои карактеристики се важни, кога станува збор за привлекување и заведување. Жените се често подготвени да го променат целиот личен опис, верувајќи дека мажите ќе се заљубат во нив. 

koi-osobini-ve-pravat-privlecni-za-drugite-luge-01.jpg

Но, постојат особини кои ни најдобрата шминка, ни најдобриот фризер во градот не можат да ги променат и да ве направат попривлечни отколку што сте. Психолозите, како и секогаш, имаат неколку совети, собрани од мноштво човечки искуства и однесувања.

Kои особини и карактеристиките ве прават привлечни за другите луѓе:

- Ако се гледате себеси како позитивна личност, која внесува живост, светлина и здравје, веројатно така ќе ве доживуваат и другите луѓе. Ова, се разбира, не значи дека со позитивното размислување ќе ги спречите предизвиците и лошите работи што ви се случуваат. Едноставно, ќе имате одредена леснотија при нивното решавање.

- Вие сте уникатни. Тоа значи дека се истакнувате со нешто, дека сте автентични, дека луѓето ве паметат, можеби не затоа што имате зелена коса или пурпурни очи, туку затоа што нешто во вас се разликува од другите.

- Имате јасна визија. Луѓето со јасни визии секогаш се попривлечни за другите. Дури и кога не се уверени во себе, во исправноста на нивниот пат, никогаш не се сомневаат во нивната визија.

Ovie osobini ve pravat privlecni za drugite luge 02

- Самодоверба преку гестови. Поточно, ова значи дека кога разговарате со луѓето ги гледате во очи, се насмевнувате и отворени сте, што покажувате со говорот на телото, движењето на рацете и слично. На таквите луѓе другите сакаат да им се обраќаат, бидејќи се чувствуваат безбедно.

- Имитацијата прави чуда! Тоа конкретно значи дека при комуникација со луѓето, кои ви значат, понекогаш ги имитирате нивните гестови и движења. Секој човек е по малку нарцисоиден, а сите сакаат да се видат себеси во вас.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи од кои жените треба да престанат да се срамат (бидејќи се нормални и сите ги имаат) Целулит имаат и слабите девојки, двојната брада и темните подочници многупати се...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...
5 совети како да ги нашминкате ситните очи (за да ги зголемите визуелно) Тенка линија со тушот, светла сенка или коректор на внатрешната страна на окото ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg