5 грешки што треба да ги избегнувате доколку ја бричите бикини зоната

Веројатно ви е добро познато дека не треба да користите тап брич, дека треба да ги скратите подолгите влакна и дека подобро е да користите пена за бричење отколку гел за туширање.

5-greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-dokolku-ja-brichete-bikini-zonata-01.jpg

Сепак, постојат уште некои грешки при бричењето на бикини зоната кои е најдобро да ги избегнувате. На овој начин бричењето ќе го направите поедноставно и ќе ги избегнете потенцијалните проблеми.

Почнувате со бричење веднаш штом ќе влезете под туш

Дали веднаш почнувате со бричење штом ќе влезете под туш? Најдобро е да го промените редоследот и да го оставите бричењето за крај.

Дури после туширањето кожата е навлажнета, а фоликулите се доволно омекнати така што се намалува ризикот од рани и иритација, како и сраснати влакна.

Заборавате на пилингот

Пилингот е најдоброто решение за сраснати влакна, без разлика дали се депилирате или бричете. Со пилингот ги отстранувате мртвите клетки од кожата, па ја правите помека и посјајна.

Со овој третман не само што ќе се ослободите од сраснатите влакна, туку и ќе го спречите настанувањето на нови. Па, пред бричење, или кој било друг метод за отстранување на влакната, направете пилинг на вашата кожа.

Го користите вообичаениот лосион за тело и на бикини зоната

Доколку кожата ви е надразнета и сува после бричење, најверојатно нанесувате лосион. Но, ова е лош избор бидејќи лосионите неретко содржат состојки што ја иритираат свежо бричената кожа.

Наместо тоа набавете крема со смирувачко дејство и со антивоспалителни својства.

Се бричете „на суво“

Колку пати ви се случило да го оставите бричењето за крај, па да почнете да се бричете со неподготвена кожа? Следниот пат одвојте барем 5 минути за подготовка.

На местото коешто ќе го бричете ставете топла крпа за колку-толку да ги омекнете фоликулите.

Веднаш по бричењето облекувате секси долна облека

Иако изгледа неверојатно, долната облека со чипка или танга може дополнително да ја иритира бричената кожа. Исто така може да предизвика сраснување на влакната.

Најдобро е по бричењето да облечете памучна долна облека и да ѝ овозможете на кожата да се опорави.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“ „Облека пазарам таму кај што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнер...
4 најголеми грешки поради кои изгледате постаро отколку што сте Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Популарни митови за нега на кожа од Инстаграм и ТикТок (кои можат да бидат и штетни) Не ви требаат 10 продукти за нега на кожа и ако некој продукт ви предизвикува ир...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg