Тинејџерка со ужасна фотографија предупредува за ризикот од вештачки нокти
Откако поради болка ги отстранила акрилните нокти кои ѝ биле ставени, видела дека нејзините нокти се во ужасна состојба и испраќа апел до сите девојки.
Пејџ Белфилд (17) објави фотографија од своите оштетени нокти за да ги предупреди луѓето за ризиците од ставање на вештачки нокти.
Таа откри дека акрилните нокти ѝ предизвикале болка и крварење, а својата приказна ја споделува за да ги освести другите девојки добро да истражат кај кого одат да ставаат нокти.
Тинејџерката била во козметички салон многу пати претходно и ставала нокти, но откако ја променила техничарката за нокти се соочила со ваков резултат:
Нејзините изгрицкани нокти биле правени со некоја специјална техника. Но, за жал процедурата не се одвивала во вистинската насока, по што Пејџ морала веднаш да ги извади акрилните нокти.
Пејџ ја обвинува електричната турпија за болката што ја искусила потоа и нестручноста на техничарката за нокти. Таа вели дека е среќна што не добила инфекција и дека сака сите девојки да внимаваат многу кај кого одат.
С. С. | Црнобело