Славни жени кои шминкерите ги уништија за црвениот тепих
Дури и најдобрите визажисти некогаш прават грешки (читај: фијаска). Па, ниту криви, ни должни, овиe убавици станаа тема за потсмев – наместо да блеснат.
Ѕвездите имаат цел тим од врвни професионалци кои се грижат за нивниот имиџ. Ги плаќаат скапо, очекувајќи да изгледаат занесно. Особено на важни настани, каде гордо им позираат на фоторепортерите и присутните фанови.
Што кога луѓето во чии раце ја довериле својата убавина имаат лош ден, или, пак, едноставно си прават експерименти на лицата на клиентките? Многу познати дами ја доживеаа ваквата катастрофа на сопствена кожа.
Без оглед дали е во прашање лоша подлога, прекумерен бронзер, претерана сенка или погрешен избор на кармин, изданието во кое ќе ги видите на фотките е дефинитивно ужасен и непрофесионален мејкап. Или воопшто не им ласка на ликот.