Како правилно да ја подготвите кожата за сончевите денови?
Во текот на студените зимски месеци, кожата бара многу нега и хидратација. Исто важно е со доаѓањето на топлите денови, постепено да ја подготвите вашата кожа и да ѝ ја пружите потребната нега.
Во продолжение погледнете како можете да ја подготвите вашата кожа за претстојните сончеви денови:
Детална депилација
Вo летните денови неретко нозете ви се целосно откриени, па сигурно сакате кожата да ви биде мазна и без влакна. Затоа, сега е совршеното време да одвоите ден за детална депилација на сите проблематични места.
Покрај тоа, кога кожата е мазна и без влакна, продуктите за нега се впиваат многу полесно.
Пилинг на целото тело
Поради претераната изложеност на сонце, во топлите тенови кожата може да се исуши и да почне да се лупи. Поради тоа важно е навреме да направите пилинг на кожата на лицето и телото за да ги отстраните ситe мртви клетки.
Редовниот пилинг ќе ја забрза регенерацијата на кожата. Сепак, немојте да претерувате бидејќи честиот пилинг може и да ја оштети вашата кожа. Доволно е да правите пилинг на целото тело еднаш неделно.
Заштитен фактор
Во текот на топлите летни денови важно е правилно да ја заштитите кожата од штетното зрачење. Пред да излезете од дома, задолжително нанесете крема со заштитен фактор.
Изгорениците од сонце воопшто не се пријатни и можат да бидат навистина болни. Покрај тоа, поради нив кожата ќе почне да се лупи, па ќе ѝ биде потребна дополнителна нега.
Хидратацијата е секогаш важна
Во текот на летото на телото му е потребна дополнителна хидратација, и однадвор и однатре. Поради ова важно е редовно да нанесувате хидратантна крема или млеко за тело. Исто така, не заборавајте да пиете многу вода.
Хранете се најмногу со овошје и зеленчук
Консумирањето продукти богати со витамини и минерали е предуслов за здрава кожа. Обидете се да јадете што е можно повеќе овошје и зеленчук за да си ги обезбедите неопходните витамини како А, Ц, Е и Д.
Туширање со студена вода
Топлата вода дополнително ја суши кожата, додека студената ја поттикнува циркулацијата и го спречува затнувањето на порите. Доколку сепак не можете да се туширате со студена вода, обидете се со млака.
На крај пуштете млаз студена вода за да ја подобрите циркулацијата и да ги затворите порите на кожата.
Спирова С. | Црнобело