Кој дел од телото е забранета зона за вашата луфа?

Кога дерматолозите ќе ве посоветуваат, без разлика дали се работи за производи што треба да ги употребувате, начинот на кој треба да се справите со мозолчињата, или што не треба да и правите на кожата, најдобро за вас е да се претворите во уво и внимателно да слушате.

Koj del od teloto e zabraneta zona za vasata lufa 01

И ако ги прашате „Што е тоа што никогаш, ама баш никогаш не треба да и го правам на мојата кожа?“, сите ќе се согласат со едно - никогаш не користете ја луфата за капење на вашето лице.

Причината е едноставна - тоа е абразивно, физичко чистење, и постои можност да ве иритира или да ви направи лузна, особено ако сте склони на појава на мозолчиња.

Дерматолозите воопшто ќе ве посоветуваат да не користите физички сурови ексфолијанти на вашето лице, и многумина се согласуваат дека хемиските ексфолијанти како гликолна киселина се подобра опција.

Уште еден (прилично вознемирувачки) факт за луфата е тоа дека таа е жариште за бактерии, а тоа воопшто не им оди во прилог за да ги пропагираме како средство за чистење на лицето.

Размислете, со неа чистите делови од телото чиј „отпад“ навистина не би сакале да си го пренесете на лицето.

За доброто на вашата кожа, туширајте се колку што е можно пократко (помалку од 15 минути) и со вода не потопла од 30 степени. Овој совет сметајте го за дозвола да го прескокнете туширањето одвреме навреме, сѐ додека се чувствувате свежо и чисто.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Трикови за шминкање со кои визуелно ќе го намалите високото чело Ако сакате да го одвлечете вниманието од вашето чело, тогаш најдобриот трик е да...
Калтрина за стилот и убавината: „Порано броев калории, но веќе не се лишувам од храна за да имам вит... „За убаво и негувано лице клучна е генетиката, а јас, за среќа, имам добри ...
Јапонска рутина за нега на лице во 6 чекори (за блескава кожа) Добро отстранете ја шминката и темелно исчистете го лицето, а на крај не заборав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg