Свилена навлака за перница - услов број 1 за здрава коса и сјајна кожа
Квалитетниот сон е од витално значење за доброто здравје и тоа сигурно го знаете, но дали знаете што ќе ви се случи ако ставите свилена навлака на вашата перница?
Кои се придобивките?
Поздрава коса
Иако ја обожавате вашата памучна навлака за перница, особено поради уникатниот ориентален дизајн, триењето на косата додека се вртите и превртувате во текот на ноќта може да ги оштети фоликулите на косата, одземајќи и го сјајот.
Памукот е материјал кој ја апсорбира влагата, и тоа ќе го направи токму на вашата коса.
Косата што нема влага има тенденција да изгледаат безживотна, па затоа набавете си свилена навлака. Свилата е материјал кој ќе овозможи полесно да се движи косата, а со тоа ќе го намалите кршењето.
Придобивките не застануваат тука и се работи за многу повеќе од естетика - навлаката за перница изработена од природни протеински влакна (свила), не ги апсорбира природните масла на косата, со што го спречува скалпот да произведува повеќе масла за да ја надополни загубата.
Во однос на апсорпција на природните масла на вашата коса, памучната перница, исто така, ги апсорбира вашите производи за коса. Козметичките производи кои се апсорбираат во памучните навлаки може да предизвикаат хаос на вашата кожа. Производите за коса може да содржат сурови состојки и може да бидат базирани на нафта или силикони, што може да предизвика воспаленија и појава на акни.
Поздрава кожа
Спиењето на памучна навлака предизвикува триење на кожата, повеќе отколку кога би спиеле на свила. Тоа може да доведе до иритација и сувост, забрзана појава на брчки и набори. Ова прашање е повеќе од едноставна загуба на влага - линиите на лицето со кои се будите а ги предизвикува памучната навлака, со тек на време ќе се претворат во длабоки, постојани брчки на челото и образите.
Кожата на свила се лизга, додека на памук се витка, а свилата има и хипоалергични својства поради кои егземата, астмата и алергиите исто така се смируваат.
Не мора да се грижите ниту за ноќните креми и серуми кои ги нанесувате пред спиење - тие ќе се задржат на своето место и ќе делуваат правилно наместо да се апсорбираат во постелнината.
А.Ш. | Црнобело