Сé што треба да знаете пред да ја бојадисате косата
Бојата на косата може целосно да го смени вашиот изглед, затоа треба да размислите добро која боја ќе изберете. Дали сте подготвени секој месец да ја фарбате косата кога ќе почне да се познава вашата природна боја?
Дали вашата моментална текстура на коса ќе може да ја поднесе бојата? Која боја е најдобра за вас? Дали вашата коса е доволно здрава?
Ова се неколку прашања кои можат да ви помогнат да дознаете дали бојадисувањето на косата е вистинската опција за вас.
Обрнете внимание на тенот на вашата кожа
При изборот на бојата најважно е истата да одговара на вашиот тен. Прво треба да знаете дали имате потопол, поладен или неутрален тон на вашата кожа. Најлесен начин да го дознаете ова е да ги погледнете вашите вени.
Ако вашите вени се е виолетови или сини, тогаш имате ладен тен, ако се зелени тогаш мате потопол тен, доколку ги видите двете бои, тогаш најверојатно имате неутрален тен.
Кога ќе дознаете каков тон на кожа имате време е да ја изберете бојата. За ладен тен се препорачува црвена, бакрена или сива боја. За потопол тен одберете златна, светло црвена или чоколадна нијанса. Ако вашиот тен е неутрален, тогаш имате среќа, бидејќи ќе ви одговараат сите нијанси.
Земете ја сезоната предвид
Ако веќе имате оштетена и сува коса, тогаш летото не е добро време за бојадисување. Ако вашата коса е веќе изложена на сончева светлина, со бојадисувањето уште повеќе ќе ја оштетите.
Доколку вашата коса е хидратизирана и доволно здрава, тогаш нема да имате проблеми. Во зима бирајте побогати и потопли тонови, а во лето посветли и полесни.
Скратете ги врвовите
Бојата секогаш ќе изгледа поинтензивно на свежо исечената коса. Вашата текстура игра важна улога во бојадисувањето на косата. Некои бои ќе изгледаат подобро на пократки и прави влакна, додека некои ќе изгледаат подобро на коса со многу слоеви.
Разговарајте со вашиот фризер за да дознаете која фризура најдобро ќе одговара на вашето лице.
Одржување на бојата
Одржувањето на косата зависи од тоа колку вашата нова боја се разликува од вашата природна боја на коса. Ако вашата коса е темна, а бојата што ја користите е посветла, најверојатно ќе треба да ја бојадисувате косата секои три до четири недели.
Користете производи за заштита на бојата
Откако ќе ја бојадисувате косата користете регенеративни маски, маски за коса, кои се применуваат еднаш или двапати неделно и специјален шампон за одржување на бојата.
Ашера | Црнобело